ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Баталјонот на специјални сили го одбележа Денот на единицата

March 1, 2023 16:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Припадниците на Баталјонот на специјални сили, со воена церемонија во касарната „Илинден“ го одбележаа 1 март-Денот на единицата, кој го прославуваат во спомен на денот кога 1994 година е формирана првата специјална единица во Армијата, која е воедно и првата професионална единица.

Пред стројот на единицата се обрати началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски кој честитајќи го Денот на единицата, истакна дека визијата која беше трасирана при формирањето на оваа единица за создавање на мала, мобилна, но респектабилна и препознаена единица во регионот, во целост е остварена.

На припадниците на баталјонот им порача да бидат горди затоа што овој баталјон по својата посветеност и врвна обученост, во општеството е препознаен како најдоброто од Армијата.

„Пожртвуваното ангажирање во неодамнешната хуманитарна операција го покажа капацитетот и професионалноста на оваа единица“, истакна генералот Ѓурчиновски.

Командантот на Баталјонот на специјални сили, потполковник Оливер Зариовски во своето обраќање во име на сите припадници на единицата порача дека оваа единица во своето 29-годишно постоење никогаш не поставувала граници на своите можности, притоа потврдувајќи го мотото на единицата „секогаш и секаде први“, кое е сининим на подготвеноста не само безрезервно да се брани татковината, туку и достојно да се претстави и да се даде поддршка и помош секаде каде е потребно.

По повод Денот на единицата, се доделија стимулативни мерки на припадници на баталјонот кои постигнале особени резултати во работата во изминатиот период, меѓу кои беа и 58-те припадници од оваа единица ангажирани во неодамнешната хуманитарна операција во Туркије.

На денешната свеченост присуствуваа и државниот секретар во Министерството за одбрана, Владимир Анчев, генералите во Армијата, команданти на единиците и претставници од Министерството за внатрешни работи.

Баталјонот на специјални сили во досегашното 29-годишно постоење се потврдува како најелитен армиски состав, кој предводи во обученоста и оспособеноста, отсликувајќи ја подготвеноста на Армијата. Како прв професионален состав секогаш кога е потребно ја покажуваше својата обученост и во активности каде е потребно пронаоѓање и спасување на човечки животи, како што беше случајот на скорешното ангажирање во хуманитарната операција во Република Туркије, но и многупати претходно.

Tags: Баталјон на специјални сили
Next Post

Бесими: Со комплетираниот состав на Владата подготвени сме за издавање еврообврзница

Shortcut

Најново

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk