ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дерала со книга за украинскиот хероизам наспроти неизмерното зло

March 1, 2023 15:15
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС

Промоција на публикацијата „Украина-Година на хероизмот“, на Џабир Дерала, што се одржа на 24 февруари, една година од почеток на руската агресија врз Украина, како дел од истоимениот настан што опфаќаше и конференција, изложба на фотографи и промоција на филм, ги истакна 365 дена на неизмерното зло врз украинскиот народ од рускиот агресор наспроти хероизмот и жестоката борба за слобода за Украина, но и за целиот свет.

Публикацијата ја промовираше новинарот Зоран Иванов, кој ја истакна хуманоста, пожртвуваноста и борбата за факти и вистини на авторот Џабир Дерала.

„На годишнината од руската агресија врз Украина, документ со погледи и анализи, колумни, тука во неа е збран и тимот на неговиот ЦИВИЛ, на тие неуморни космополити, следбеници на философијата на правда, за мир, за еднаквост, за човечност. Сето ова во Украина – Година на хероизмот. Изминатите 365 украински денови, се и 365 денови на Џабир, непроспиени ноќи, негови 365 активистички и негови нови творечки деноноќија. 365 дена негов човечки немир. Немир за мир. Ама и за револт, и за осуда, и за одговорност. Со негов став, како личен печат, но и печат на тимот на ЦИВИЛ. Печат, како белег вкотвен во страниците на неговата Украина –Година на хероизмот.

Ова е книга за тоа како го доживеавме хероизмот наспроти неизмерното зло, нѐ упатува авторот Дерала во мноштвото авторски текстови на темата, на настаните пред настаните, на денот пред почетокот на агресијата и натаму преку хронологијата, ден по ден, од првиот до 365 ден, преку неговите погледи, ставови, неговите фактографски и неговите аналитички приоди…“, изјави Зоран Иванов во неговата промоција на публикацијата „Украина-Година на хероизмот“.

Дерала се заблагодари на своите колеги од ЦИВИЛ и од редакцијата Фронтлајн, кои од почетокот на руската инвазија врз Украина, работеле и работат на тоа да ги донесат фактите и вистината за тоа што се случува во Украина.

„И оваа е една линија на фронтот во која гинат фактите и вистината“, истакна Дерала.

„Оваа книга е скромен обид да се бориме против дезинформациите и пропагандата кои нанесуваат тешки последици за Украина, но и по Европа и по светот. Ве молам, ако дојдете до оваа книга и до страница 101, прочитајте ја колумната за малата Тања од Мариупол, која почина под урнатините на својот град, под рускиот ракетен терор, покрај мртвото тело на својата мајка. Умре од дехидрација, по неколкудневно жедување, во урнатините. За да ја напишам таа колумна, ми требаа долги часови истражување, што претставува дехидрација и како се умира од неа. И тоа е една реконструкција на смртта на едно 6 годишно девојче“, рече Дерала.

Публикацијата е објавена на 383 страници и содржи колумни и анализи на авторот, како и своевиден регистар на 365 воени денови за Украина и светот.

Публикацијата е посветена на сите деца на Украина.

Tags: ДералаУкраина
Next Post

Апасиев глуми застапник на народот, а се противи на замрзаната цена на лебот

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk