ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Фрчкоски: Дали постои или не македонско малцинство во Бугарија е прашање на факти, а не на политички изјави

March 1, 2023 13:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Проф. Љубомир Фрчкоски (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Љубомир Фрчкоски (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорот на Северна Македонија во Обединетите нации во Њујорк Љубомир Фрчкоски, вели дека е важно што во извештаите на ОН постои македонско малцинство во Бугарија и оти бугарската позиција во однос на ова прашање нема влијание.

Според Фрчкоски, тоа е прашање на факти, а не на политички изјави, дали постои или не одредено малцинство.

– Тоа е прашање на факти кои се утврдуваат со меѓународни извештаи и фактографско пишување на меѓународни организации. А фактите се дека дел од извештатите на ОН евидентираат оти ова малцинство постои, дел од извештаите на Стејт департментот, дел од извештаите на групите за права на малцинствата и сите извештаи од Европската Унија. Тоа е прво, и второ се пресудите на Судот во Стразбур, изјави Фрчкоски за Гласот на Америка на македонски јазик.

На прашањето дали како амбасадор во ОН ќе покрене иницијатива за осуда на Бугарија за непочитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права да дозволи регистрација на здруженија кои што имаат за цел признавање на македонското малцинство, Фрчкоски наведува дека „такви резолуции околу мацинските права не се дојдени сега на третиот комитет, но кога ќе дојдат ние ќе имаме јасен став околу постоењето на тие малцинства и почитувањето на нивните права, со една посебна тежина како земја која тоа го прави во својата држава“.

– Во таа смисла, кога ќе дојде моментот и местото за тоа, ние ќе бидеме навистина за правата на малцинствата и посебно за нашето во соседните земји, вели Фрчкоски.

Според него, главната линија за признавање на малцинствата и борбата за нивните права оди преку стандардите на ЕУ и пресудите на Стразбур, оти постапката во ОН е „многу подолга, многу покомплицирана и многу поблага во однос на резултатот“.

Но, битно е, вели тој, што во ОН се регистрирани поплаки во однос на правата на македонското малцинство во Бугарија.

– Ние сме на страната на земјите кои ги почитуваат стандардите, кои успеале да направат дури неверојатни договори кај идентитетските прашања. Од таа страна и од таа позиција нашиот збор тежи, нашите збор и влијание имаат сосема друга улога отколку како земја која не коже да си ги реши проблемите. Она што мислиме да го направиме е да одржиме едно ниво на присутност и јасност кое историски дефинитивно има право и на краток рок да ја освои својата вистина. Конечно да победи, рече Фрчкоски.

Во август минатата година, Канцеларијата за човекови права на ОН, за Гласот на Америка на македонски, соопшти дека согласно извештај што независен експерт на ОН за малцински прашања го претставил до Советот за човекови права во јули 2011 година, Владата на Бугарија треба да ги заштити слободата на изразување и здружување на припадниците на македонското малцинство.

– Извештајот ја повикува бугарската Влада да ги обезбеди и заштити правата загарантирани во уставните одредби на земјата за почитување на правото на етничко самоопределување, вклучително и правата на слободата на изразување и слободата на здружување на припадниците на македонското малцинство. Извештајот, исто така, нагласува дека политиките кои се однесуваат на признавањето и правата на малцинските групи мора да се проценат во однос на обврските на државата, согласно меѓународниот закон за човекови права, истакнаа тогаш Канцеларијата за човекови права на ОН.

Tags: МакедонијаМалцинствоОНФрчкоски
Next Post

Милетиќ за „гробарите“: Мала група хулигани не го претставуваат јавното мислење на Србите за Македонците“

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk