ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Исти стандарди за безбедност и квалитет како европските и за македонските граѓани

March 1, 2023 12:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Брисел го отвори билатералниот скрининг состанок за Поглавје 28 „Заштита на потрошувачи и јавно здравје”, на кој присуствуваше и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори, Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот и главен преговарач со Европската Унија Бојан Маричиќ во воведното излагање истакна дека Владата е посветена и работи на постојано подобрување на статусот на потрошувачите, просперитетот и растот на животниот стандард, кои всушност се и главни цели на Европската унија.

– Согласно политиката на ЕУ за заштита на потрошувачите имаме уште работа за отстранување на пречките на пазарот, за да можат услугите и стоките да циркулираат со исти стандарди за безбедност и квалитет, како европските, рече Маричиќ и додаде дека на овој начин се намалува и обемот на употреба на небезбедни производи, што дополнително ги намалува ризиците од повреди од употребата на таквите производи, а со тоа и трошоците и оптоварувањето на здравствениот систем.

Вицепремиерот Битиќи пред претставниците на Европската комисија се осврна на здравјето на граѓанинот, за кое рече дека го претставува основниот столб за економскиот развој на едно општество, наведувајќи ги следните активности и планови во оваа област.

– Ќе вложиме многу повеќе напори во детална контрола на тутунот, ефикасно да ги спроведеме сите релевантни закони на ЕУ, и конечно да го усвоиме и ратификуваме протоколот за елиминирање на недозволена трговија со производи од тутун. Ќе обезбедиме доволно финансиска поддршка за здравствените институции кои работат на специјализирано знаење за рано откривање на канцерот и ретките болести, базирајќи се на податоците од регистрите”, рече Битиќи.

Главниот преговарач со ЕУ објасни дека со усогласувањето на националното законодавство со законодавството на Европската унија во областа на заштитата на потрошувачите, постепено се воведува повисоко ниво на безбедност на производите, заштита на економските интереси на потрошувачите во многу поединечни сектори, како и подобрување на општиот квалитет на живот.

Маричиќ исто така кажа дека со приближување до европските стандарди се подобрува здравствената заштита на нашето население, бидејќи правното законодавство на ЕУ опфаќа области од големо значење за здравствената заштита, како што се: медицинските лекови и медицински помагала, правата на пациентите на прекугранично осигурување, козметиката, исхраната, контролата на тутунот, превенцијата од болести кои предизвикуваат зависност, трансплантација на органи, како и ретките болести.

На денешниот билатерален скрининг состанок во областа на заштитата на потрошувачите и јавното здравје, членовите на македонскиот преговарачки кои презентираа пред Европската комисија се претставници од Министерство за економија, Државен инспекторат за храна, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Агенција за храна и ветеринарство, Министерство за здравство, Државен санитарен и здравствен инспекторат, како и експерти од различни здравствени установи.

Скрининг состаноците за Поглавјето 28 ќе продолжи и утре, а до крајот на неделата ќе се одржи билатералниот состанок за Поглавје 2 „Слобода на движење на работници”.

Tags: ЕУМаричиќПоглавје 28
Next Post

Дизни+ го „оживува“ „Петар Пан и Венди“, Џуд Лоу во улога на Капетанот Кук, Јара Шахиди е Тинкербел

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk