Синоќешниот ракометен натпревар меѓу Партизан и Вардар во Белград не можеше да помине без контроверзии, откако најжестоките фанови на белградскиот клуб испратија навредливи пораки од трибините упатени токму кон македонскиот народ. „Група со српско име, слави бугарски војник, мора да ви е тешко со таа идентитетска криза во главата“, пишуваше на транспарентите што ги кренаа на средбата, што е навреда за навивачката група Комити и самиот идентитет на Македонците како народ.
Од Српската напредна странка во земјава во изјава за „Локално“ го критикуваа ваквиот наратив на популарните „Гробари“.
-Не го следевме натпреварот, конкретно не знаеме што се случило, но доколку имало такви случувања како партија и народи не го поддржуваме од мала група хулигани. По анкетите и Србите и Македонците се сметаат за два најблиски народи, изјавил Петар Милетиќ од СНСМ.