Железничка несреќа се случи кусо пред полноќ во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, а според грчките медиуми има повредени патници.
Според првичните информации во медиумите во Грција, патнички воз се судрил со товарен, неколку вагони излетале од шините, по што избил и пожар.
Од Противпожарната служба на Грција со 40 пожарникари и 17 возила интервенираат за гаснење на пожарот и спасување на патниците, додека пак како што пишуваат медиумите, околу 30 возила на брза помош на местото на несреќата пристигнуваат од околните градови.