ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мазнева се жали на реваншизам: Тие што не гласаа за инвестициите ќе бидат одговорни за евентуално нарушување на хигиената во Скопје

March 2, 2023 15:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Непринципиелно и недозволиво е советниците во Советот на Град Скопје својата функција да ја злоупотребуваат за водење дневна политика, реваншизам и создавање хаос во работењето на градот и јавните претпријатија. Блокирањето и неизгласувањето на програмите за работа на Комунална Хигиена-Скопје на последната седница на Советот на Град Скопје е токму тоа, изјави на денешната прес-конференција директорката на ЈП Комунална хигиена – Скопје, Косана Мазнева.

Таа потсети дека советниците се избрани во Советот од скопјани за застапување на нивните интереси, да ја унапредат работата на службите на градот и да бидат нивен сервис и дека тие имаат одговорност пред граѓаните а не пред партиските лидери.

– Оттука, сакам да појаснам дека благодарение на советниците и советничките групи на сите политички партии на последната седница на Советот на Град Скопје кои одлучија да ја блокираат работата на Јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје, со неизгласување на инвестициските програми се единствено одговорни за евентуално нарушување на хигиената во градот Скопје, додаде Мазнева, појаснувајќи дека со предлог програмите за работа на КХС се предвидува целосна реорганизација на Комунална Хигиена Скопје што ќе значи и модернизација на претпријатието.

Таа рече дека пред советниците била доставена предлог програма во која се предвидени дополнителни инвестиции во модерна опрема за одржување на јавната хигиена, набавка на нови контејнери кои ќе се постават на нови локации, нови специјални комунални возила поради зголемување на ефикасноста со справување со комуналниот отпад, како и дополнителни сезонски работници.

– Апелирам до сите советници во Советот на Град Скопје, а особено до оние кои ја промовираа програмата „За модерно Скопје“ ветувајќи дека целосно ќе ја поддржат и во Советот на Градот, сега да не се повлекуваат и да не ја злоупотребуваат довербата на граѓаните, истакна директорката на Комунална хигиена.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Град СкопјеЈП Комунална хигиена – СкопјеКосана Мазнева
Next Post

Стапката на БДП за четвртото тримесечје од 2022 година е 0.6%

НАЈНОВО

Фото: Општина Кочани

Денови на кочанскиот ориз 2025 – во симболично издание

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: СДСМ води црна кампања, со монтажи и спинови, да не дозволиме повторно да бидат власт

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk