ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Вицегувернерката Митреска: Домашниот банкарски систем може да ја поддржи потребната структурна трансформација на економијата

March 2, 2023 10:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Изминативе три години банкарскиот систем покажа голема отпорност на кризи од невидени размери. Не само што ја задржа својата стабилност, туку истовремено обезбедува постојана финансиска поддршка за приватниот сектор, придонесувајќи за побрзо закрепнување на економијата.” Ова го посочи вицегувернерката, Ана Митреска, која учествуваше на Скопскиот економски форум II, на панел-дискусијата „Стратегии за одржување на економскиот раст во време на неизвесност”, на која учествуваа и министерот за финансии, Фатмир Бесими, и потпретседателот на Стопанската комора, Зоран Јовановски.

Вицегувернерката во своето излагање рече дека во фаза на две последователни глобални кризи, банкарскиот систем обезбедува кредитна поддршка со годишен раст во распон од 8 ‒ 9%, а финансиите не се насочуваат само кон секторот „население”, туку значително се зголемува поддршката и за корпоративниот сектор. Околу 60% од растот на кредитите во 2022 година се должат на кредитирањето на корпоративниот сектор, што претставува најсилна финансиска поддршка за овој сектор во изминатиов период. Се разбира ова беше период и кога компаниите имаа потреба од ликвидност за обртни средства во услови на енергетска криза, но нашите анкетни податоци покажуваат дека побарувачката на кредити е поттикната и од потребите на претпријатијата од инвестиции. Истовремено, показателите за кондицијата на банките се поволни. Капитализираноста е на ниво близу 18%, а квалитетот на кредитното портфолио е добар, со учеството на лошите пласмани во вкупните пласмани, на историски ниско ниво од под 3%.

„Банкарскиот систем се соочи со кризите во солидна кондиција, што се должи на силната регулативна и супервизорска рамка, усогласена со највисоките меѓународни стандарди и внимателните политики на банките. „Во тековната криза, во која се испреплетуваат ризиците од повисоката инфлација, понискиот раст, енергетската криза, како регулатор делуваме проактивно на планот на осигурувањето доволно капитал во банките за да се ублажат потенцијалните ризици. Така, на пример, во два наврата ги зголемуваме барањата за капитал во форма на противцикличен заштитен слој за вкупно 0.75 п.п.”, вели Митреска.

„Оттука, македонската економија има добро поставен банкарски систем којшто може во еден дел да ја поддржи структурната трансформација на економијата, којашто ни е потребна”, истакнува вицегувернерката. Таа подвлече дека дополнителната финансиска поддршка насочена кон економска диверзификација, одржлив енергетски сектор, одржливи проекти од аспект на околината, дигитализацијата и иновациите може да придонесе за зголемување на потенцијалот за раст на економијата и општата благосостојба.

Tags: МитрескаНБ
Next Post

Утрово извлечени седум јагленосани тела - вкупно 46 загинати во железничката несреќа во Грција

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk