ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Во Стопанската комора ќе се конституира национален совет за извоз

March 3, 2023 10:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Северна Македонија, го најави конституирањето и започнувањето со работа на Националниот совет за извоз кој ќе биде составен од претставници на извозните компании од различни сектори и претставници на Владата и надлежните државни институции кои третираат прашања поврзани со извозот. Конституирањето на Советот ќе биде во понеделник во Стопанската Комора на Северна Македонија.

Овој Совет, со кој ќе раководи Комората во рамки на проектот што го имплементираме во соработка со УСАИД, ќе биде главен механизам за јавен-приватен дијалог каде сите прашања поврзани со извозот и извозниот сектор ќе бидат институционално третирани од страна на надлежните државни институции и ние како Комора со целиот наш капацитет ќе настојуваме на секој начин да го ставиме извозниот сектор високо на агендата на Владата и креаторите на економските политики. Наша цел е да обезбедиме поголема поддршка за домашните извозни компании во нивните напори за зголемување на конкурентноста и градење на системски пристап за поголема промоција на извозните компании и производи на регионалните и меѓународните пазари.

„Јас подолго време укажувам дека ние како земја сме мал пазар со ограничена куповна моќ и дека единствен начин да се развиваме во иднина како економија е да градиме извозни капацитети и компании кои ќе бидат подготвени да се натпреваруваат и победуваат на регионалните и глобалните пазари. Тргнувајќи од оваа констатација, ние како институција во рамки на новиот концепт Комора на иднината – ваш консултант во бизнисот, прашањето на извозот и извозната конкурентност го ставивме како еден од нашите клучни приоритети.

Во изминатиот период Комората преку конкретни активности и форми на делување обезбедуваше директна поддршка за извозните компании. Во таа насока ќе набројам само неколку конкретни активности како мало потсетување:

Прво, врз база на нашата директна иницијатива и конкретен предлог до Министерството за финансии и Министерството за економија, а во соработка со Царинската управа на РСМ, успеавме да намалиме или целосно елиминираме царински стапки за увоз на поголем број на суровини со што директно придонесовме за зголемување на конкуретноста на македонските извозници.

Второ, преку нашата активна вклученост во региоаналните иницијативи им го отвораме патот на нашите извозни компании на регионалните и на меѓународните пазари.

Трето, во соработка со ФИТР обезбедивме значителна финансиска и стручна поддршка за група на домашни извозни компании од електро, машинската и металопреработувачката индустрија, со цел технолошка и производна модернизација на нивните производни процеси како основа за зголемување на нивната извозна конкурентност.

Четврто, во соработка со Коморскиот инвестициски форум (КИФ) обезбедивме техничка поддршка за добивање на грантови за инвестиции во технолошко унапредување на неколку извозни компании, обезбедивме техничка поддршка за повеќе домашни компании од неколку сектори за освојување на нови пазари, и креиравме дигитална платформа за вмрежување на компаниите од регионот.

Тука можам да набројувам уште многу други активности кои се направени од страна на Комората. Но, она што е поважно, за што посебно сакам да зборувам, се активностите кои следуваат и плановите на кои активно работиме во насока на обезбедување на уште поголема поддршка за нашите извозни компании.

Што значи тоа?

Тоа значи дека во рамки на проектот што Комората во моментот го имплементира во соработка со УСАИД веќе испорачуваме конкретна поддршка за голем број на извозници преку обезбедување на техничка и стручна поддршка при воведување на меѓународни стандарди за квалитет, развивање и имплементација на дигитални решенија, пристап до финансии за реализација на инвестициски проекти и изработка на маркетинг стратегии за извоз со цел пристап до нови пазари. Во соработка со УСАИД и други институции во наредниот период ќе работиме на поголема промоција на нашите компании преку организирани настапи на меѓународни саеми, Б2Б средби, организирање на купувачки мисии и други форми на промоција.

Во меѓувреме, посветено работевме на целосно зајанување на нашите сопствени капацитети преку Клубот на извозници и Советот за унапредување на индустриското производство и извоз кои се специјализирани тела во рамки на Комората насочени кон обезбедување на целосна поддршка за извозните компании.

П.С. Во наредниот период ќе слушате уште многу успешни приказни што Комората ќе ги гради со нашите извозни компании“, порача Азески.

Tags: АзескиСтопанска комора на Северна Македонија
Next Post

Распродадени сите проекции на „Кајмак“ на белградски ФЕСТ

Најново

Филипче: Следната недела СДСМ го промовира новиот закон за борба против корупцијата       

May 8, 2026
Фото: ВИ

​„МБАПЕ ОДИ СИ!“: 30 милиони навивачи бараат негово заминување од Реал Мадрид!

May 8, 2026
Анаис. Мотив, Кратово

Дневен хороскоп со Анаис за 8 мај 2026: Иновација, слобода и рушење на правилата

May 8, 2026

ХАОС ВО МАДРИД: Валверде во болница по тепачка со Чуамени – двајцата го пропуштаат „Ел Класико“

May 7, 2026
Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk