ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Иран избувнаа протести поради наводното масовно труење на средношколки

March 4, 2023 21:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, ФЕМИНА
Твитер

Твитер

Загрижени родители протестираа во иранскиот главен град Техеран поради серија напади со отров врз девојчиња во десетици училишта, според иранските новински агенции и видеа објавени на социјалните мрежи. Засега непозната болест погоди стотици ученички во изминатите месеци. Иранските власти веруваат дека девојчињата можеби биле отруени и ги обвинуваат непријателите на Техеран, пишува Ројтерс.

تجمع مردم در اعتراض به مسمومیت‌های اخیر مدارس در تهران، مقابل ساختمان آموزش و پرورش منطقه‌ی پنج. ۱۳ اسفند ۱۴۰۱ pic.twitter.com/a6jt2FjgSw

— +۱۵۰۰تصویر (@1500tasvir) March 4, 2023

Иранскиот министер за здравство истакна дека девојчињата „се полесно отруени“ во нападите, додека некои политичари рекоа дека можеби биле цел на тврдокорните исламистички групи кои се против образованието на девојчиња. Министерот за внатрешни работи денеска изјави дека истражните органи пронашле „сомнителни примероци“ кои се проучуваат.

Во теренските истражувања се пронајдени сомнителни примероци и се испитуваат за да се утврдат причините за болеста на ученичките, а резултатите ќе бидат објавени што е можно поскоро, рече министерот Абдолреза Рахмани Фазли во изјавата што ја пренесе официјалната новинска агенција ИРНА.

Повеќе од триесет училишта во најмалку десет од 31 провинција во Иран се погодени од болеста. На видео снимките на социјалните мрежи се гледа дека родителите се собрале пред училиштата за да ги однесат своите деца дома, додека некои деца биле пренесени в болници со амбулантни возила или автобуси.

Денешниот собир на родителите пред зградата на Министерството за образование во западен Техеран поради ненадејната болест на децата се претвори во антивладин протест, според видеото потврдено од Ројтерс. „Басиџ, Гарда, вие сте нашиот Даеш“, скандираа демонстрантите, поврзувајќи ги Револуционерната гарда и милицијата Басиџ со терористичката група Исламска држава.

Слични протести се одржаа и во две други области во Техеран и други градови, вклучувајќи ги Исфахан и Рашт, според непотврдени видео снимки. Појавата на болеста кај девојчињата доаѓа во критично време за иранските лидери, кои се соочуваат со повеќемесечни антивладини протести предизвикани од смртта на една млада Иранка која почина во притвор на полицијата за морал, која спроведува строг кодекс на облекување.

Во последните денови, објавите на социјалните мрежи прикажуваат фотографии и видеа од девојки кои се болни, чувствуваат мачнина или имаат тахикардии. Други се пожалиле на главоболки. Ројтерс не можеше да ги потврди објавите.

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации во Женева вчера повика на транспарентна истрага за можните напади, додека земји како Германија и САД изразија загриженост. Иран го отфрли она што го смета како странско мешање и „избрзани реакции“ и вчера соопшти дека ги истражува причините за инцидентите.

Еден од тековните приоритети на иранската Влада е да го истражи случајот што е можно поскоро и да обезбеди документирани информации за да се решат грижите на семејствата и да се повикаат на одговорност сторителите, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Насер Канани за државните медиуми.

Ученичките беа активни во антивладините протести кои започнаа во септември минатата година. Тие ги симнаа од глава задолжителните шамии во училниците, ги искинаа сликите на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи и повикаа на негова смрт.

Г.Т.

Tags: девојќињапротестродителиТехерантруење
Next Post

Со видео запис е одбележан почетокот на проектот за зајакнување на капацитетите на централните банки во земјите од Западен Балкан

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk