ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Алиу: Останува заложбата за професионална и ефикасна јавна администрација, поддржана со интензивна дигитализација

March 6, 2023 13:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Силно се залагаме за примена на дигиталната трансформација како можност да се вклучат поголем број жени во претприемништвото, да се создадат услуги и услови, за жените да имаат исти можности како и мажите; Посебен акцент ќе биде ставен на лидерството како клучен фактор во овие трансформации, во насока на целосна и еднаква застапеност на жените на сите нивоа и во сите области.

Ова меѓу другото го истакна министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу во денешното воведно обраќање на конференцијата тема „Жените и дигитализацијата – надминување на бариерите, отворање можности за унапредување на родовата еднаквост”, во организација на агенциите на Обединетите Нации UN Women и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

Министерот Алиу рече дека останува заложбата за професионална и ефикасна јавна администрација, поддржана со интензивна дигитализација, оптимална структура и иновативни процеси и техники.

Оттука, во завршна фаза е подготовката на Националната ИКТ Стратегија 2023-2027, чијашто цел меѓу другото е да се достигне просекот на ЕУ земјите во однос на развојот на дигитално општество и економија, водејќи се од стратешките определби на Дигиталниот компас на Европската Унија во оваа дигитална декада.

„Кохерентна институционална поддршка на процесот на дигитализација се очекува да биде обезбедена со формирањето на Дигиталната агенција планирана во рамките на процесот на реорганизација на органите на државна управа. Дигиталната агенција ќе биде главниот двигател на процесите на државата кон дигитално општество и кон администрација која ќе ги одржува главните системи, што ќе придонесе за стабилна дигитална средина“, истакна министерот Алиу.

Според него, базирано на податоците кои на годишно ниво се објавуваат во Извештаите од Регистарот за вработени во јавниот сектор, важно е да се спомене е дека жените се позастапени во сите институции, а во проценти соодносот е околу 56% жени и 44% мажи.

Во однос на активностите на МИОА, Алиу го истакна Системот за управување со учење, преку кое вработените во институциите можат да следат е-обуки во секое време, потоа изработката на два модула за електронско учење (основен и напреден) наменети за зајакнување на знаењата на вработените во администрацијата за прашања од областа на родовата еднаквост- во соработка со Министерството за труд и социјална политика со поддршка на UN Women, како и соработката со Министерството за образование и наука во насока на поттикнување и поддршка на девојките да се запишат на факултетите за електротехника и информациски технологии.

Министерот воедно и се заблагодари на Канцеларијата на UN Women, која даде свој придонес во процесот на подготовка на текстот на Стратегијата за РЈА (2023 -2030), со предлагање на активности со цел обезбедување на родова сензитивност на истата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: администрацијадигитализацијаМИОА
Next Post

Потпишани договори за Национално кофинансирање на програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија

НАЈНОВО

Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk