Поранешниот лидер на НСДП и поранешен претседател на Собранието, Тито Петковски смета дека има голем јаз меѓу политичките партии во земјава.
– Кога се зборува за промена на Уставот, се создаде една атмосфера која Бугарија ја наметна. Тоа беше агресивен и примитивен настап. Не се кријам да кажам дека Бугарија е сега нашиот отворен и единствен непријател. Не ни го признаваат јазикот, не ни го признаваат, не ни го признаваат етничкото потекло… Оние кои ги поддржуваат и СДСМ и ВМРО се доближуваат со ставовите дека не сакаат да се покрене иницијативата за промена на Уставот, рече Петковски синоќа во вестите на ТВ Сител.