ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

60 научници се обидуваат да го „блокираат“ Сонцето за да ја одржат планетата ладна

March 7, 2023 10:02
in TECH FRONT, ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Додека Земјата продолжува да се загрева под ефектите на климатските промени, научниците истражуваат начини да ја одржат планетата ладна. 60 научници во отворено писмо пишуваат дека соларниот геоинженеринг вреди да се истражува како начин да се спречи Земјата да ги доживее најразорните ефекти од климатските промени. Но, на тој пат има неколку стапици. Иако вбризгувањето на аеросоли во стратосферата би ги рефлектирало сончевите зраци, тоа исто така доаѓа со загрижувачки несакани ефекти.

Научниците се сè поподготвени кога станува збор за истражување на начини за одржување на Земјата ладна додека таа се затоплува како резултат на климатските промени.

Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) предупредува на затоплување на планетата над 1,5 степени Целзиусови, но дури и ако светот за чудо утре достигне нето-нула емисии (што очигледно нема да се случи), сè уште постои проблемот со јаглерод диоксидот. метанот и други стакленички гасови (гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина – greenhouse gasses) кои се веќе во атмосферата.

Иако намалувањето на емисиите и декарбонизацијата сè уште се најголемото оружје во нашиот арсенал за борба против климатските промени, отвореното писмо напишано од 60 научници низ неколку институции тврди дека соларниот геоинженеринг треба сериозно да се проучува за да се види дали може да ни помогне во еколошката битка.

Во писмото се вели:

„Иако намалувањето на емисиите е клучно, ниту едно ниво на намалување преземено сега не може да го промени ефектот на затоплување на минатите и сегашните емисии на стакленички гасови. За разлика од стакленичките гасови, друга категорија на емисии од човечки активности, емисиите на честички (аеросоли), може да дејствува за ладење на климата“.

Научниците во писмото проценуваат дека сегашните аеросоли во атмосферата од загадувањето произведено од човекот би можеле да прикријат до една третина од влијанието на климатските промени со рефлексија на некои од сончевите зраци во атмосферата. Бидејќи еколошките регулативи ги намалуваат концентрациите на аеросоли – нешто што е исклучително важно за човековото респираторно здравје – може да има ненадгледуван несакан ефект на откривање на вистинскиот степен на тоа колку навистина е топол нашиот свет.

„Аеросолите ја ладат климата со расејување на сончевата светлина и, кога ќе се измешаат со облаците, може да ја зголемат рефлексивноста и животниот век на облакот“, се вели во писмото. „Намалувањата на емисиите на аеросоли во следните неколку децении брзо ќе ја „откријат“ значителната, но многу неизвесна количина на затоплување на климата.

Идејата би била намерно да се инјектираат аеросоли како сулфур диоксидот – истиот материјал што се исфрла од вулканите – во стратосферата за да помогне да се рефлектира сончевата светлина. Претходните вулкански ерупции покажаа општ ефект на ладење на планетата, така што научниците се прилично сигурни дека планот ќе успее.

За жал, овој план доаѓа со повеќе од неколку несакани ефекти. Најочигледно е дека сулфур диоксидот е токсичен, а намерното инјектирање на нешто што луѓето не можат да го дишат е загрижувачко. Има и дополнителни ефекти врз нашиот свет. Додека зајдисонцето би станало блескаво црвено, феномен кој често се гледа по вулканските ерупции, ќе немаме сино небо на хоризонтот, ќе избледи, ќе биде бело.

Дури и со сите овие негативни страни, резултатите од климатските промени веројатно би биле уште полоши, а молбите од ова писмо за понатамошно проучување на оваа идеја не останаа неслушнати.

Во ноември минатата година, администрацијата на Бајден даде зелено светло за петгодишна студија за начините на рефлексија или на друг начин инженеринг на ефектите на сончевите зраци.

Подготви: Ј. Ѓ.

 

Tags: блокадаефект стаклена градинаСонце
Next Post

Новоизбраниот чешки претседател засега е против испраќање авиони во Украина

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk