Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја „разгоре“ внатрепартиската војна откако го смени предводникот на „Огнената група“, Изет Меџити од функцијата претседател и координатор на чаирскиот огранок и на негово место го стави сегашниот генсек на партијата и шеф на македонската дипломатија, Бујар Османи.
Иако самиот Меџити тврди дека ова е нестатутарно и нелегитимно решение, затоа што не е поминато низ партиските органи и дека Османи добил речиси непостоечка функција, останува прашањето дали првиот човек на ДУИ полека почнува да расчистува со „бунтовниците“ во партијата?
Поранешниот пратеник Зуди Џелили за „Локално“ оценува дека „ако излегуваш јавно и кажуваш дека егзекутивот на ДУИ е слаб и катастрофален, а од друга страна си дел од партијата-тогаш тие две работи не одат заедно“.
Ова го вели Џелили во однос на изјавите од страна на „Огнената група“.
-Мислам дека сега тоа што се случува околу разрешувањето и именувањето на кадрите од Алијанса за Албанците, можеби ги зафаќа таквите луѓе со намера. Или не си задоволен и напушташ сам или си задоволен и остануваш на функцијата. Тие малку сами треба да одлучат – или да ги повикаат сите функционери ако нема резултати и да се повлечат или да останат и да бараат реформи внатре. Мислам дека појака ќе биде групата на Ахмети бидејќи ако ги земеме во предвид другите, сите по 10 години биле заменици, градоначалници, функционери, пратеник, така да не се тие млади или некои кадри што се очекува многу од нив. Тие се веќе дежа ву – веќе видено, смета поранешниот пратеник.
Целиот текст на следниот линк!