ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска – Задиќ: Неопходен е ефикасен механизам кој ќе ја сведе корупцијата на најниско ниво

March 7, 2023 14:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ, со која разговараа за потребата секоја држава да има ефикасен и независен правосуден систем.

Вицепремиерката Грковска се заблагодари за поддршката што Австрија и ја дава на нашата држава, во рамките на нашиот евроинтеграциски пат, која е особено значајна во процесот на реформите кои нашата држава треба да ги спроведе за да ги исполни критериумите на Европската Унија.

Соговорничките разменија искуства и за начинот на кој функционира правосудниот систем во двете земји, пришто беше истакнато дека треба да се воспостави одржлив систем, кој ќе дава резултати и кој нема да зависи од личности.

Вицепремиерката Грковска нагласи дека изборот на судии и обвинители мора да биде транспарентен, а одлучувачки да бидат квалитетот, знаењето, искуството и интегритетот на избраните лица.

Заедничка беше констатацијата дека сите држави се соочуваат со корупцијата, но важно е секоја држава да изгради ефикасен механизам кој ќе ја сведе корупцијата на најниско ниво.

Вицепремиерката Грковска информираше за надлежностите на нејзиниот Кабинет за политики за добро владеење, кој освен што е посветен на креирање на антикорупциски политики, на дигитална трансформација на општеството и на градење на професионални, отчетни и ефикасни институции, посебно е фокусиран на младите.

Министерката Задиќ ја поздрави одлуката на Северна Македонија и на вицепремиерката Грковска да посвети значајно внимание на политиките за добро владеење. Таа додаде дека улогата на жените и на младите во промените во општеството е клучна.

Tags: ГрковскаЗадиќкорупција
Next Post

Тренчевска: Вклучувањето на родовата димензија во законските решенија е од големо значење за економскиот раст

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk