Србија има дефицит од сезонски разботници во земјоделието, а Албанија во текот на летото. На Македонија, исто како и на нејзиниот северен и западен сосед и недостасуваат кадри во ИТ секторот, а во сите три држави нема доволен број градежни работници.
Ова се само некои од предизвиците со коишто ќе се соочи иницијативата „Отворен Балкан“ која покрај тоа што ќе отвори многу поголеми можности за економиите на овие земји, треба да им даде шанса на граѓаните сами да најдат работно место на овој многу поголем пазар на работна сила.
По недамнешното ратификување на Договорите за условите за слободен пристап до пазарот на труд во Западен Балкан, претстои потпишување на протоколи после кое целиот систем ќе може да се стави во употреба.
„Целта на овој Договор не е превземање на одредена работна сила или некаков натпревар меѓу државите. Здравата конкуренција околку минималните услови за работа, платата и останатите бенефити ќе влијае и врз работодавачите и врз нивниост став какви услови ќе понудат на нивните работници“, изјави за „Локално“, Ненад Ѓурѓевиќ, советник на претседателот на Стопанската комора на Србија.
Како перспектива ја посочува и можноста за инвестиции во некоја погранична зона (на пример меѓу РСМ и Србија), со што би обезбедиле работна сила од двете држави.
„Таков пример е оној меѓу Унгарија и Украина. Тоа не е нешто ново- компанијата е лоцирана во близина на границите, па граѓаните кои живеат во кругот од неколку километри можат таму да работат без какви било проблеми врзани со преминување на границата“, вели Ѓурѓевиќ.
Во меѓувреме, иницијативата „Отворен Балкан“ веќе ги регистрира првите придобивки. Вкупната трговска размена меѓу Србија и РСМ во 2022 година изнесуваше 1,4 милијарди евра и е за 32% зголемена во однос на 2021 година. Србија извезе роба за Македонија во износ о 970,4 милиони евра што е за 19% повеќе од 2021, а увозот од Македонија беше поголем дури за 66,3% и изнесуваше 511,2 милиони евра.
Целото интервју на следниот линк!