Демократски сојуз им го честита Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, на сите припаднички на женскиот пол, со искрена желба за нивна целосна рамноправност и еднаквост во општеството.
Ги подржуваме жените и натаму, секојдневно и безусловно да се борат и залагаат за унапредување на основните човекови права, како и за поголема економска, социјална и политичка рамноправност.
Секоја жена треба да има право на достоинствена работа во безбедни и здрави услови, да има можност да ја унапредува својата материјално- социјална положба, да обезбеди живот ослободен од насилство и говор на омраза и да може непречено да се грижи за своето семејство.
За родовата еднаквост да не се залагаме само на 8-ми март и само декларативно. Демокртски сојуз предлага да има што повеќе жени на позиции во Владата, во извршната власт на директорски места и како кандидати за градоначаници. Застапеноста 50-50 да не важи само за кандидатските листите за пратеници и советници, туку и за другите клучни државнички и локани функции.
Ви посакуваме среќни и успешни денови и борбена истрајност.