ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Kутиров: Царината има клучна улога во навременото пристигнување на помошта во услови на кризи

March 8, 2023 13:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Царината има клучна улога во обезбедување континуитет на економските текови, како и во навремено пристигнување на помошта во услови на кризи. Ова е пораката од отворањето на тридневниот настан за улогата на Царините во помош при катастрофи во организација на Светска царинска организација и Царинската управа што се одржува од 8 до 10 март во Скопје.

На настанот организиран во рамки на проектот Ковид 19 финансиран од Владата на Јапонија се обратија генералниот секретар Кунио Микурија, директорката Славица Кутиров и советникот во амбасадата на Јапонија, Сатору Такахаши.

Работилницата има за цел размена на позитивни искуства во услови на кризи, како и подигнување на свеста за придонесот на царините во заштитата на општествата и обезбедување на континуитет на бизнисот.

Директорката Кутиров во своето обраќање ја истакна подготвеноста и способноста на Царинската управа за справување со новите предизвици во услови на кризи.

„Изминатите три години беа вистински предизвик за Царинските управи, кога се соочивме со непредвидливоста и стравот од новите околности што се случуваат во светот. Во овие услови, на самиот почеток на пандемијата, покажавме подготвеност и способност за прилагодување во новите услови, овозможувајќи континуитет во прекуграничниот синџир на снабдување, со цел да се минимизира севкупното негативно влијание врз економиите и општествата. Зелените коридори беа воспоставени за меѓународен транспорт на чувствителни стоки, со континуирана размена на податоци пред пристигнување преку регионалниот систем SEED, овозможувајќи непречен проток на овие стоки во новите услови. Со воведување нови услуги и дигитализација на царинското работење во бесхартиена околина, ја минимизиравме потребата од физичка интеракција, а во исто време ги забрзавме процедурите и ги намаливме трошоците за економските оператори за финализирање на царинските формалности”, потенцира Кутиров.

Во своето воведно обраќање, генералниот секретар Микурија го истакна долгогодишното искуство на СЦО во помош при катастрофи, како и подготвеноста на Организацијата да продолжи да ја подигнува подготвеноста за итни случаи за да изгради поотпорни и поефикасни Царини. Тој исто така ја потенцираше важноста од соработката со партнерските меѓународни организации, другите владини агенции и засегнатите страни за да се обезбеди брза и соодветна помош на граѓаните погодени од катастрофи.

„Царината има клучна улога во навременото пристигнување на помошта во услови на кризи, и природни катастрофи”, истакна Микурија, притоа истакнувајќи ги навремените реакции на Царините во пристигнувањето на помошта во Турција.

Свои искуства во делот на предизвиците на Царините и соодветните одговори во услови на кризи, во текот на оваа дводневна работилница ќе споделат и претставници на украинската, полската, романската, унгарската, молдавската и турската Царина.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Kутиров-Микурија
Next Post

ССМ: Жените се дискриминирани и исправени пред одлуката дали да имаат кариера или семејство

НАЈНОВО

Фото: СДСМ

Филипче од Куманово: Димитриевски и ЗНАМ одат во политичка пензија, ги чека пораз во Центар и Куманово!

October 17, 2025

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

October 17, 2025
Фото: Скирншот, АП

Трамп: САД ќе разгледаат испраќање ракети „Томахавк“ во Украина, се надевам дека ќе ја завршат војната без нив

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk