ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ССМ: Жените се дискриминирани и исправени пред одлуката дали да имаат кариера или семејство

March 8, 2023 13:51
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикати на Македонија упати честитка по повод Меѓународниот ден на жената во која во име на сите жени бара поголема институционална поддршка за родова еднаквост и елиминирање на сите форми на родово базирано насилство и дискриминација.

– Жените, членови на ССМ бараат одржливи работни места, поголеми и подостоинствени плати, здрави и безбедни услови за работа, социјална сигурност и остварување на работничките права, се вели во честитката.

Од ССМ порачуваат дека се неопходни поголем број на градинки, згрижувачки капацитети за возрасните членови на семејството, здравствена заштита и социјална сигурност како предуслов за остварување на балансот меѓу трудот, работењето и остварувањето на потребите на семејството.

Се залагаат за еднакви услови, можности и обврски во грижата за децата и семејството, без стереотипи и предрасуди.

Националната законска регулатива има утврдено еднакви демократски права за двата пола, велат од ССМ, но во практиката се уште жените се дискриминирани и исправени пред одлуката дали да имаат кариера и работа или да се определат за чување на деца и грижа за семејството.

– Се уште има работодавачи кои ги обесхрабруваат жените на начин што работно не ги ангажираат, а и доколку ги вработат ги распоредуваат на пониски работни позиции и пониски плати од нивните колеги мажи, без оглед на тоа што жените се еднакво квалификувани, оспособени и продуктивни. Единствена причина за ваквиот однос кон жените работнички е поради нивната репродуктивна улога, грижа за децата и домашната работа. Дискриминацијата на жените и родовите стереотипи се сеуште присутни и актуелни во дел од компаниите, а често менаџерите и работодавачите бременоста ја третираат како ризик и пречка за работно ангажирање на жените, посочуваат од ССМ.

Tags: 8-ми мартжениродова еднаквостССМ
Next Post
СМРТНИ ЗАКАНИ Писателот Марко Видојковиќ добил повеќе од 30 смртни закани (фото извор: NOVA.RS)

Зошто Марко Видојковиќ е „протеран“ од Србија?

Shortcut

Најново

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk