ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Македонскиот туристички сектор дел од ИТБ Берлин со фокус на одржливост на дестинациите

March 8, 2023 14:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Интернационалната туристичка берза ИТБ Берлин од 7ми до 9ти март ги отвори вратите за илјадници туристички посетители од целиот свет! Ова е шанса и за македонскиот туристички сектор да покажете како ја движи индустријата! Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со десет коегзибитори до 9ти март на репрезентативен изложбен простор ќе ги промовираат македонските дестинации и туристички продукти, кои не прават диверзивни и атрактивни.

Дестинациите ширум светот се обидуваат да го направат туризмот поотпорен и одржлив, со тоа што ќе дадат позитивен придонес за локалната заедница и животната средина. Во оваа насока директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски и г-дин Алберт Салман, претседател на Green Destinations- сертифицирана и наградувана програма за имплементирање на практики за развој на одржлив туризам од Холандија, во рамките на ИТБ Берлин потпишаа Меморандум за соработка. Во периодот што следи ќе се спроведат акциски програми и со заедничка работата ќе се имплементираат алатки и практики за одржливост на дестинацијата, поддршка на локалното производство, како и подигање на свесноста за еко дестинации преку споделување на искуства и знаење од други зелени и еколошки региони.

Во соработка со СИППО – Швајцарска програма за поддршка на извозот, АППТ потпиша уште три Меморандуми на соработка и тоа со, германската организација “ASR”- Алијанса на независни туристички трговци Р.А. која ги застапува интересите на самовработените средни бизниси во германската туристичка економија, со главниот фокус на основање на меѓународни партнерства. Потпишан е Меморандум на соработка со германската организација “FAR”- водечка мрежа на германски тур-оператори посветени на одржливост на дестинациите. Поштишувањето на Меморандум на соработка со холандската непрофитна организација TraveLife”-програма за промоција на одржливост во туризмот предвидува обуки, акциски планови, извештаи насочени кон туристичкиот сектор.

Првиот ден на ИТБ Берлин беше повеќе од успешен, се започна со преговори за чартер линијата Букурешт – Охрид, состаноци со туроператорот ТУИ кој изразија подготвеност за поставување на трета дестинација за 2024 година од која ќе оперираат со чартери, зголемувајки го бројот на туристи. Се реализираа средби со полски туроператори за зголемување на портфолиото на програми од Северна Македонија со вклучени нови атракции и кружни патувања за седум дена во нашата дестинација. Разговори со БиБиСи кој понудија одлични услови за соработка и визуелизација на македонските туристички потенцијали преку нивните канали на комуникација. Преговори со туроператори од Чешката Република за посета на зимските центри и Охрид во сезона 2023/2024. Македонскиот изложбен простор беше посетен од македонскиот амбасадор во Берлин, г-дин Васко Грков, Аганијата за туризам искажува благодарност за одличната логистика и соработка со амасадата.

Со својата единствена разновидност и учество на 180 земји и региони, со 5600 излагачи во повеќе од 23 хали ИТБ Берлин го покрива целиот синџир на туристички понуди, со додадена вредност. ИТБ Берлин е поделен на посебни сегменти кои ги рефлектираат најважните актуелни теми, што го олеснува пронаоѓањето на патот околу широката палета на производи и услуги на саемот. Највлијателниот и најголемиот саем за туризам во светот после три годишна пауза е со изменет концепт во траење од три дена, концентрирани на B2B средби, чии договори треба да дадат силно влијаниие туризмот во 2023 година, за да ги постигне резултатите од 2019 година.

Фокусот на ИТБ Берлин оваа година е на социјалната и еколошката одржливост. Учесниците и посетителите ќе имаат можност да слушнат инспиративни приказни кои покажуват како дестинациите ширум светот се обидуваат да го направат туризмот поотпорен и одржлив, со тоа што ќе дадат позитивен придонес за локалната заедница и животната средина. Повеќе од 50 години ИТБ Берлин во март го собира светот на меѓународниот туризам, на најголемиот саем за патувања, иновации, знаење, лидери и инспирација за поместување на туристичките граници.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ИТБ Берлинтуризам

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

„Си-Ен-Ен“: Трамп иницирал набавка на претседателски авион од Катар, и покрај тврдењата дека тоа е „подарок“

May 20, 2025

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија

May 20, 2025
Фото: МИА

Законски регулирана дополнителната и сезонската работа во државата

May 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Матурант пронајден починат кај Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ воведува нов систем на гранциите – ќе важи и за македонските граѓани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам е да ѝ даваш на државата мир и соживот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk