На влезот на Општина Илинден почна изградба на кружен тек. Станува збор за нов кружен тек на важна крстосница кој ги опфаќа главните улици „2”, „8” „9” и новопроектирана улица “10” на влезот во Илинден, соопшти локалната самоправа.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид на градежните работи на почетокот од изградбата и истакна дека со изградбата на овој кружен тек ќе се растерети сообраќајниот метеж во овој фрекфентен дел од општината, а воедно ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Во рамки на проектот планирана е изградба на кружен тек со партерно и хортикултурно уредување како и јавно осветлување на просторот.
Дополнително улиците и кружниот тек ќе бидат сообраќајно хоризонтално и вертикално обележани согласно сообраќајниот проект за траен режим на сообраќај, информираат од Општина Илинден.