Саемот на мебел повторно се враќа и ќе се одржи од 29 март до 2 април во Комплекс „Борис Трајковски“ во Скопје.
На оваа саемска манифестација, која по паузата на одржување во пандемијата, одбележува 45-годишен јубилеј, својата програма вклучувајќи ги сите категории на опремување на ентериер, ќе ја претстават повеќе од 40 изложувачи.
Станува збор за избор на мебел од голем број домашни производители, интернационални брендови со специјални саемски понуди и попусти. Ќе бидат понудени гарнитури, фотелји, спални и детски соби, кујни, купатила, вградени плакари, осветлување, декоративни подлоги и се што е потребно за уредување на домот.