Нашата голема скијачка надеж продолжува со одлични резултати. На денешниот слалом во италијанскиот скијачки центар Passo Oclini – Jochgrimm, Јана Атанасовска со вкупно време од 1:40.10 го освои 6. место, со фантастичен резултат од 52.00 ФИС точки. Претходниот најдобар резултат беше 71,84 ФИС точки.
Јана има само 16 години. Од вкупно 78 скијачки на денешните слаломски трки, ниту една нејзина конкурентка не е родена после 2006 година. Јана не се уплаши од постарите конкурентки и храбро се впушти во совладување на капиите.
Честитки за неа и за нејзиниот татко и тренер, Александар Атанасовски – Чаве.
А. Лукароски