ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лорд Стјуарт Пич: Ги охрабрувам сите политичари да не дозволат политиката да влијае врз една од најважните стратешки цели – пристапувањето во ЕУ

March 11, 2023 11:19
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич во интервју за МИА порача дека сите македонски политичари треба добро да размислат што е во најдобар интерес за државата и за граѓаните, кои живеат во неа и нагласи дека е време сите политички чинители да помогнат во пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија.

Одговарајќи на прашање за уставните измени и фактичката состојба дека реално во моментов не е обезбедено потребното двотретинското мнозинство, со оглед на тоа што опозицијата е децидна дека нема да поддржи промена на Уставот и опстојува на ставот за предвремени избори, Пич изјави дека би било нечесно кон луѓето од оваа земја да се одложи европскиот пат на кој различни влади напорно работеле во текот на многу години.

„На ова не треба да се гледа само како победа на Владата што е на власт сега, тоа е победа на сите претходни влади и пред се за македонските граѓани. Свесни сме дека патот не беше лесен и дека имаше многу препреки во текот на годините и затоа ги охрабрувам сите политичари да не дозволат политиката да влијае врз една од најважните стратешки цели уште од осамостојувањето на Северна Македонија. Потребен е заеднички напор за Северна Македонија да стигне до повеќе од заслуженото членство во ЕУ“, нагласи Пич.

Тој изрази загриженост поради неодамнешните тензии во билатералните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија, но додаде и дека е уверен оти постои значителен степен на добра волја кај сите страни и верува дека ќе се најде решение.

„Северна Македонија и Бугарија се земји членки на НАТО, сојузници и со исти гледишта. Во однос на моменталните односи, двете земји треба да го земат предвид поширокиот контекст и геостратешките поместувања во регионот. Обединетото Кралство продолжува да ги охрабрува и Северна Македонија и Бугарија да продолжат да работат на подобрување на билатералните односи што ја поддржуваат Северна Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ“, вели Пич.

Во однос на бугарските клубови во земјава, кои имаат називи поврзани со фашистичкото минато, Пич нагласува дека е потребна сензитивност околу моќта на симболите, јазикот и историјата, особено во контекст на Западниот Балкан.

„Знаеме дека ова е регион каде историските личности различно се паметат од различни заедници и затоа е многу важно изразувањето на идентитети да не дава дополнителни основи за поделби. Слободата на здружување и изразување се важни, но исто така е важно, би рекол императив, да се избегнуваат навреди“, вели Пич.

Во интервјуто, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан зборува и за безбедносната состојба по руската воена агресија во Украина, за можностите за прелевање на кризата во регионот на Западен Балкан, за обидите на трети страни за дестабилизација на регионот, за хибридните закани.

Next Post

Ковачевски по повод 80 години од депортацијата на Евреите: Да не се повтори, да не дозволиме каков било облик на нетолеранција, антисемитизам и фашизам

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk