ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Голем септемвриски настан на Егзит во Струмица: Констрaкта е првото потврдено име

March 11, 2023 10:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СЦЕНА
Фото: Град Нови Сад

Фото: Град Нови Сад

Откако минатогодишното издание на големиот Get EXITed настан во Струмица ги надмина сите очекувања, собирајќи повеќе од 20.000 посетители, тимот на EXIT во соработка со општина Струмица организира второ издание, со уште поамбициозни планови! Новиот Get EXITed настан ќе се одржи на 7 септември во струмичкиот Голем парк, каде за прв пат ќе настапи најбараното музичко име на нашите простори – Констракта. Наскоро ќе бидат познати и други меѓународни и регионални музички ѕвезди кои и оваа година во уште поголем број ќе донесат во Струмица гости од целиот регион.

Конференцијата на која беше потврдено второто издание на големиот Get EXITed настан во Струмица се одржа во петокот во Градското собрание на Нови Сад на која присуствуваа музичарката Ана Ѓуриќ Констракта, градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ, градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов и директорот и основач на егзит фестивалската групација, Душан Ковачевиќ.

Ковачевиќ, истакна дека EXIT минатата година организирал дури 26 настани во 10 земји и дека EXIT е, по ИТ секторот, најголемиот извозник на домашната креативна индустрија.

„Од првиот EXIT, гостите од Северна Македонија се меѓу најбројните, а особено ни е задоволство што EXIT, по целиот регион, конечно пристигна и во Северна Македонија со својот фестивал. Минатогодишното издание навистина ги надмина сите очекувања, за време на манифестацијата немаше слободни места за сместување во Струмица и околината, а доаѓаа туристи од целиот регион“, рече Ковачевиќ.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, рече дека Нови Сад е препознаен во регионот и пошироко како извозник на креативни индустрии и жариште на фестивалско-музички туризам.

„Горд сум на фактот што EXIT произлезе од нашиот град пред повеќе од две децении и споделуваме заедничка желба да го видиме да продолжи да се развива. На организаторите на фестивалот им посакувам уште многу успеси и квалитетни проекти, а на Констракта, како и на другите изведувачи, на 7 септември да ги надмине очекувањата и да оствари уште повеќе од минатогодишните 20.000 посети“, рече Ѓуриќ.

Првиот човек на општина Струмица Костадин Костадинов истакна дека тој и струмичани со задоволство се домаќини на големиот настан на кој ќе настапат музички ѕвезди.

„Како прв човек на општина Струмица, оттука, од Нови Сад, сакам да истакнам дека и оваа година ќе се потрудиме настанот GetEXITed повторно да биде грандиозен. Инспирирани од културната размена и реализација на првото GetEXITed издание, се договоривме да го започнеме процесот на збратимување меѓу Нови Сад и Струмица“, рече Костадинов.

Музичарката Ана Ѓуриќ Констракта, која штотуку ја претстави новата песна „Еве, ветувам“, изјави дека со нетрпение очекува со помош на „Егзит“ и таа да придонесе за културното поврзување.

„Се радуваме на македонската публика, која е строга, не може кај неа се да помине, треба да се потрудиме да ја придобиеме“, вели Констракта.

Наскоро ќе бидат објавени и другите светски и регионални ѕвезди кои ќе настапат во струмичкиот Голем парк на 7 септември, а влезот на големиот Get EXITed настан ќе биде бесплатен.

Извор: Б92

Tags: ЕгзитКонстрактаКостадин КостадиновСтрумица
Next Post
Фото: Фронтлајн

Следнo ќе поевтинуваат шеќерот, јајцата и оризот, лебот е поевтинет, од 16 март и тестенините

НАЈНОВО

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk