ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски – Нешиќ: Зајакнување на соработката во делот на размена на информации за компјутерски криминал, илегална миграција и перење пари и корупција

March 12, 2023 14:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со делегација на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, предводена од министерот Ненад Нешиќ на која во фокусот беше унапредувањето на меѓусебната соработка и продлабочување на пријателските врски меѓу двете министерства.

-Особено ми е драго што можам да констатирам дека односите меѓу нашите две земји и регионалната соработка се на едно исклучително високо ниво. Нашата досегашна одлична соработка како на политичко, така и  на оперативно ниво, се темели на веќе потпишаните договори меѓу владите на нашите две земји за заемно признавање и замена на возачки дозволи, соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, нелегалната трговија со наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, нелегалната миграција како и преземање на лица со незаконски престој, кои несомнено се од големо значење за Република Северна Македонија и за Босна и Херцеговина, нагласи Спасовски на заедничката прес-конференција.

Спасовски додаде дека на средбата посебно се осврнале на зајакнување и унапредување на досегашната соработка во делот на размена на информации меѓу двете служби на теми од заеднички интерес како што се кривични дела поврзани со илегалната миграција, трговијата со дрога и оружје, компјутерски криминал, криминал поврзан со перење пари и корупција, како и активно вклучување во решавање по итни барања доставени од страна на двете држави.

– Соработката меѓу двете држави во најголем дел се одвива преку национални централни бироа, но и преку  учество на заеднички состаноци и договарање активности за унапредување на соработката. Го информирав колегата Нешиќ за операционализацијата на Договорот помеѓу ЕУ и Република Северна Македонија за оперативна соработка во управувањето со границите со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража – ФРОНТЕКС, дека досега се реализирани две посети на делегации од ФРОНТЕКС, при што истовремено се работи на документите за оперативниот план, а воедно се работи и на логистичката поставеност. Доколку сѐ оди по планот, се очекува соработката во рамки на Договорот да се операционализира од 19 април, годинава, со што дополнително ќе се зајакне соработката помеѓу ЕУ и Република Северна Македонија во однос на миграцијата и управувањето со границите, истакна Спасовски.

Нешиќ, меѓу другото, посочи дека Европската Унија е иднината на Босна и Херцеговина и на Република Северна Македонија. Министерот изрази надеж за понатамошна соработка меѓу двете земји.

Босанскиот министер за бзбедност Нешиќ утре ќе присуствува на свеченоста по повод Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР.

Извор: МИА

Tags: Босна и ХерцеговинаНешиќсоработкаСпасовски
Next Post

Повторно протести во Атина поради железничката несреќа

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Дали витамин Ц навистина спречува настинка?

November 18, 2025
Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk