„Граѓаните ќе добијат за 2.175 денари повисока минимална плата веќе со мартовската исплата на плати. Минималната плата ќе изнесува 20.175 денари“, порача вицепремиерот Фатмир Битиќи.
„Во моментов тече Економско социјален совет каде преку дијалог со синдикатите и работодавачите лани се договоривме за системско решение и нова Методологија за постојан раст на минимална плата.
Тоа е резултат на грижата на Владата за сите категории граѓани. Да обезбедиме континуирано одржлив животен стандард и поддршка на куповната моќ на нашите граѓани.
Ова е единствениот исправен пат и начин за обезбедување социјална правда и правичност – дури и во време на глобална економска криза на која и претходеше здравствената криза предизвикана од пандемијата.
По 2017 година грижата за вреднување на трудот на работниците стана приоритет за Владата и затоа се пронајде решение за системско покачување на платите со кое само за шест години минималната плата се удвои и сега изнесува 20.175 денари“, истакна тој.