ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Герасимовски: Раниот социо-емоционален развој значи среќни и успешни ученици

March 13, 2023 13:07
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Социо-емоционалниот развој во предучилишната возраст е клучен за понатамошниот развој на децата, во нивните гледишта, успеси, креативност и амбиции. Препознавајќи ја важноста од раното учење, Општина Центар преку Министерството за труд и социјална политика ја спроведува „Програмата за социјална кохезија и културен дијалог“ во сите детските градинки во општината.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска учествуваа во денешната активност „Социо-емоционално учење-клуч за правилен раст и развој за деца од предучилишна возраст“ и заедно со дечињата вежбаа и садеа цвеќиња.

„Утрово преку дружба со децата го разбудив детето во себе, нивната среќа е доволна причина да се грижам за нив и нивната иднина. Токму затоа во сите градинки во Општина Центар спроведуваме проекти за социјалното созревање. Програмите се наменети за деца од 2 годишна возраст и истите им помагаат на децата да се развијат во здрави социјално-емоционални личности и индивидуи. Затоа е важно континуирано да се работи на зајакнување на воспитниот кадар во градинките и подигнување на квалитетот на предучилишното образование во целост. Менторската поддршка од страна на воспитувачите кон останатиот воспитен кадар има големо значење во целиот процес. Тоа им помага на останатите воспитувачи и негуватели во совладувањето на социо-емоционални стратегии со цел да ги задоволат специфичните развојни потреби на малите деца. Токму затоа е и оваа програма која треба да го зголеми пристапот и подобри квалитетот на предучилишното образование во земјава “, изјави Герасимовски.

Програмата за социјална кохезија која се спроведува во градинките е поддржана во соработка со УНИЦЕФ и Амбасадата на Обединетото Кралство кои овозможија поддршка за воспитувачите во предучилишните установи и социо-емоционалното учење.
Социо-емоционалните проекти се особено значајни за децата затоа што вклучуваат игри за рефлексии, социјални активности каде децата ги изразуваат чувствата, учат да ги поздравуваат повозрасните но и когнитивните кои го поттикнуваат размислувањето. Оваа активност Општина Центар и Министерството за труд и социјална политика ја спроведуваат како дел од кампањата „Гласна и храбра“ со цел зајакнување на менталното здравје кај децата. Ваквото интерактивно прикажување преку игра со децата е во насока на поттикнување на социјално емоционалните компетиции и раниот детски развој во насока да им се помогне на децата да станат зрели и успешни личности. Во рамки на посетата, градоначалникот Герасимовски ја посети и сензорната соба која е во склоп на матичниот објект на градинката „Кочо Рацин“ во Капиштец.

Tags: ГерасимовскидецаОпштина ЦентарРазвој
Next Post
Јована Тренчевска Фото: Фронтлајн

Тренчевска: Семејството на бебето кое почина од туберколоза не живее во лоши услови, сите информации ќе му се обезбедат на Народниот правобранител

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk