ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Молдавија се крши меѓу исток и запад

March 13, 2023 10:22
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ

Пишува: БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ

Молдавија станува една од главните теми во ЕУ по избувнувањето на немирите кои ги организираа проруски инсталации во таа земја која сместена меѓу Романија и Украина има значајна геополитичка улога.

Молдавската влада вчера соопшти дека уапсила седум лица обвинети за поттикнување немири за време на антивладините протести.

Апсењата доаѓаат по предупредувањата од прозападната влада на Молдавија и официјални претставници на САД, кои експлицитно укажаа на агенти поврзани со Русија кои се инфилтрираа во земјата се обидуваат да предизвикаат рушење на владата.

„Испраќам предупредување до предавниците на земјата дека наскоро ќе застанат пред судот, без разлика колку пари и помош ќе добијат за да ја уништат нашата земја“, рече молдавската министерка за внатрешни работи Ана Ревенко.  Во изјавата таа предупредува дека овие случувања имаат за цел да го сменат демократскиот курс на владата.

„Гледаме како Москва и  бегалците олигарси ги обединуваат сите свои напори и ресурси за да го зголемат нивото на дестабилизација во Република Молдавија  да го променат демократскиот курс во Кишњев“, рече Ревенко на заедничката прес-конференција. со европскиот комесар за внатрешни работи Илва Јохансон во Брисел.

Запрашана дали Молдавија може да стане следната Украина, Ревенко рече дека „демократијата и мирот во Европа“ се следните цели на Русија и ја повика ЕУ да продолжи да ја поддржува поранешната советска република.

И покрај обидите со дијалог да се смири состојбата  , илјадници проруски демонстранти маршираа во главниот град Кишињев во неделата, извикувајќи слогани против про ЕУ владата на премиерката Маја  Санду . Протестите се организирани партијата на олигархот Илан Шор, близок на Кремљ и руската олигархија на Путин.

Настаните покренуваат тешки прашања за ЕУ: Колку далеку е подготвен да оди Брисел за да поддржи земја-кандидат за ЕУ која се соочува со кампања за дестабилизација предводена од Москва? ЕУ веќе обезбедува средства за Молдавија – 13 милиони евра за помош на цивилите кои бегаат од руската војна против Украина и 150 милиони евра заеми и грантови. Молдавија се смета и за клучен партнер во управувањето со миграциските текови .

Обидите на Москва да ја срушат владата на Санду ќе ја поттикнат ЕУ уште повеќе да ја разјасни својата поддршка за проевропската влада.. Москва веќе ја заостри контролата врз Придњестровје, отцепениот регион меѓу Молдавија и Украина, кој е предводен од проруските сепаратисти и каде Москва има стационирано илјадници војници.

Според анализите не се очекува  Русија да ја нападне Молдавија,но немирите се очекува да  продолжат со цел да се одвлече вниманието од Украина.

Ставовите се на Авторот. Преземено од Нова

Tags: ЈовановскиФРОНТ
Next Post

Групација на авто такси превоз упати барање до Град Скопје за решавање на проблемите

НАЈНОВО

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар, во близина на село Ореовец

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk