Денеска заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ќе одржи состанок со бизнис делегација на Источниот Комитет на Германското стопанство, која ќе ја придружува в.д. амбасадорот Ото Граф.
По завршување на состанокот вицепремиерот Битиќи и в.д. амбасадорот Граф ќе дадат изјава за медиуми, со почеток во 10:30 часот, на платото пред Владата на Република Северна Македонија.