ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи за увезувањето работна сила: Долго време вештините и знаењето на тие што се невработени не одговараат на потребите на пазарот на труд

March 14, 2023 12:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Туризмот и градежништвото се секторите кои најмногу „кубурат“ со кадар и за кои земјава веќе размислува да увезува работна сила.

Како што рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, „увозот“ на работна сила не е ништо ново и е процес кој одамна постои, само што сега за него се зборува отворено. Тоа е пракса, напомена Битиќи, во сите земји.

Според Битиќи, примарно е работната сила да се осигура од домашниот пазар, но, анализите покажуваат дека на земјава годишно и недостигаат околу 10 000 работници. Тој смета дека првично за „увоз“ би требало да се „искористат“ луѓето од регионот.

Се уште не е дефинирано од каде би се увезувале работници, ниту се утврдени квоти. Во Владата е отворена дискусија затоа што, напомена Битиќи, тоа е актуелен проблем.

-За жал, долго време вештините и знаењето на тие што се невработени не одговараат на потребите на пазарот на труд. Стопанството има потреба некако да ја надополни таа празнина. Факт е дека секој ден има се повеќе и повеќе компании кои укажуваат дека многу тешко наоѓаат работна сила од она што го има на располагање во Агенцијата за вработување или од оние што не се пријавени во Агенцијата. Затоа, Владата прави план преку Оперативниот план за вработување, со преквалификација и доквалификација, да ги подготви за пазарот на труд. Но, до тогаш, има потреба да се увезе работна сила зашто миграцијата е очигледна, не само во Северна Македонија, туку во сите земји од Западен Балкан, па и во Европа, напомена Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со претставниците на германското стопанство.

Во овој момент, информира, се разговара со стопанските комори кои гранки би увезле работна сила.

-Најзагрозени се градежништвото, ниско и високоградба, како и хотелиерство и туризам зашто се работи за сезонски работници кои одат во други земји, во блиското соседство, Хрватска, Словенија, па и во земјите членки на ЕУ. Се отвора сериозна потреба за луѓе кои би служеле во тој сектор зашто платите се конкурентни, но не толку како во земјите членки на ЕУ. Тоа е нормален процес, сме го имале, сега само отворено го дискутираме. Лани сме имале 5 300 работници од надвор, подвлече вицепремиерот, додавајќи дека новите работни места кои се отвораат, не се со стари знаења.

Тој нагласи дека конкурентноста е секогаш здрава.

-Мораме да сфатиме дека нашата економија досега се развивала со незадоволителни стапки, а за тоа да се поправи ни треба поконкурентна работна сила. Работниците „бегаат“ за повисоки плати. Кај нас просечната плата достигна 550 евра, а таму каде што одат да работат е 1 100 евра. Во земјите, пак, од кои најверојатно ќе доаѓаат тука работници за во рударство, градежништво, е во просек 200 евра. Тоа е природен циклус на движење на работна сила за подобро, рече Битиќи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БитиќиекономијаНевработенипазар на труд

НАЈНОВО

Горан Божичевиќ

Не е време за навивање – време е за будност

June 8, 2025

Златната пена на секојдневието

June 8, 2025

Португалија и Шпанија ќе играат за трофејот во Лигата на нации

June 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk