ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Рашковски: Морав да се откажам од дел од примањата кога станав Генсек, пред тоа имав приходи и хонорари од 2 до 3 милиони

March 14, 2023 13:59
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: Фејсбук профил од Рашковски

Фото: Фејсбук профил од Рашковски

Share on FacebookShare on Twitter

Без да навлегувам во доказната постапка, на европско континентално ниво не може да патентирате софтвер за следење на просечна брзина. Спецификата на мојот патент е дека камерите, односно уредите кои треба да ја детектираат просечната брзина ќе бидат во движење и може да се стават на полициско возило или автобус, додека кај софтверот набавен од Владата треба да има фиксно зададена рута, изјави екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, на денешното рочиште за случајот „Софтвери“.

Рашковски, појасни дека иновативноста на неговото барање за патент е полициско возило да може да се движи и забележи предметно возило на една локација, а потоа истото возило ако биде регистрирано од друго полициско возило на друга локација, врз основа на тоа да се одреди просечна брзина на движење.

– Она што е предмет на набавка и може е мој пропуст, е името и насловот – софтвер за одредување просечна брзина на движење на возила, но софтверот има други 13 функционалности, кои се различни, како што е поминување на црвено светло, рече Рашковски.

Околу функционалноста на софтверот, Рашковски рече дека прво тестирање е направено кон средината на 2020 година, а потоа е тестиран по примопредавањето.

– Правевме тестирање во април, мај, јуни.. и ги има логовите, кои се во софтверот во Влада. За опсежна анализа потребно е минимум една година, но треба да се знае дека тоа беше и период на пандемија и резултатите немаше да бидат веродостојни, рече Рашковски.

Понатаму, според Рашковски, предлогот до Влада бил софтверот да биде ставен на камерите на „Сејв сити“ и да заживее, но до тоа не дошло.

Според него, идејата за патентот да се вклопи во софтверското решение нема да профункционира никогаш, затоа што софтверот ако регистрира придвижување на уредите ќе алармира, како заштита од кражба и слично, додека идејата во патентот е токму спротивна, уредите да се движат.

– Техничката спецификација е направена од мене. Тоа не е нешто што е направено за да ограничува. Толку е просто направено што не ограничува ниту со софтвер или спецификација. Овде нема по ниту еден основ ограничување на спецификацијата, изјави Рашковски.

Прашан зошто е извршена оваа јавна набавка, Рашковски рече дека таа е предвидена во годишниот план и согласно правилата на буџетирање.

– За ниту една од постапките. Во трите постапки за јавни набавки не се пожали ниту една од трите пријавени фирми. Дури ни на последната, кога беше избрана фирма, нагласи Рашковски.

Прашан дали софтверот е ставен во функција, Рашковски рече дека во април 2020 година софтверот е имплементиран и за тоа постојат логови во Влада и дека затоа барале како доказ во судот да биде донесен и изведен серверот на кој се наоѓа.

Во однос на системот за биометриска идентификација, чија набавка исто така е предмет на овој судски случај, Рашковски рече дека инспирацијата за таква набавка дошол од тоа што во Владата имало луѓе кои доаѓаат се регистрираат и себе и други дека се на работа.

– Биометријата не може да ја излажете дека сте на работа, рече Рашковски.

Тој истакна дека системот е ставен во функција и вршени се тестирања, но поради пандемијата и ограничувањата, кабините кои биле изработени и требало да бидат доставени, не можеле да ги стават за луѓе да се регистрираат во една иста кабина, а поради нивната специфика ниту можеле да бидат ставени во гаража.

Прашан дали е исплатливо да се биде на функцијата генерален секретар, Рашковски рече дека ако се видат неговите даночни пријави пред да биде на функција пријавувал приходи и хонорари од 2 до 3 милиони, од кои дел поради функцијата морал да го откаже, со што и даночните пријави откако е на функција се многу помали.

Прашан дали од денешна гледна точка дали би ги направиле овие јавни набавки, Рашковски одговори потврдно, додавајќи дека нема подобра работа од тоа да се користи техниката за да си го олесниме животот.

Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Маја Конеска.

На денешното рочиште заврши изведувањето на материјалните докази од одбраната, а на предлог на одбраната на Драги Рашковски, тој даде исказ пред Судот.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“ од Кривичниот законик.

Tags: „Софтвери“Кривичен суд СкопјеПримањаРашковскисудење
Next Post
Карикатура од Џорџ Хериман, објавена во 1901 година (New York Evening Journal, 23 March 1901; source: Wikimedia Commons)

Уважување

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk