ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Рашковски: За истиот систем за биометириска идентификација, Велика Британија потроши 14 милиони фунти

March 14, 2023 15:50
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Системот за биометириска идентификација коишто ние го имаме направено во Владата е истиот оној за чија што реализација Велика Британија има потрошено 14 милиони фунти, вели поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски за случајот „Софтвери“, што се води против него и шест други лица.

Според Рашковски, јавноста треба да знае кои се бенефитите од ваквите системи кои што се набавени, а за кои, како што вели, државата не потрошила многу средства.

– Тоа не е ниту некоја сума која што државата ја оптоварила. Она коешто се очекуваше од сето ова беше еден убав проект на којшто сите ќе се радувавме и на мапата на земји коишто имаат вакви системи ќе бевме, гарантирам, на врвот на Европа и во светот, рече Рашковски во изјава за медиумите денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Според Рашковски, доколку се изреализирал до крај системот за контрола на сообраќајот ќе се спаселе 20 односно 50 отсто од жртвите и две третини од повредените.

– Не сакам да звучи морбидно, меѓутоа многу од сообраќајките за коишто се изнаслушавме деновиве, да дозволеше Обвинителството целиот процес да го истераме и да не тераше ништо на сила, се со цел да задоволи нечие его, до сега тој систем ќе беше во многу понапредна фаза на реализација, изјави Рашковски.

Според него, тоа што се ставаат на товар кривични дела на лица коишто совесно ги извршувале своите задачи, е само доказ за непостоење на аргументација.

– Синдромот на нинџа, вие да барате од некој од обвинетите да призне нешто што не е, се со цел да ги заглавите другите, проба обвинителката и тука да го направи. Во завршните зборови секој од обвинетите ќе си го каже своето и како бил третиран за време на истрагата, пред истрагата и за време на сослушувањата, рече Рашковски.

Тој истакна дека обвинителката Ивана Трајчевска требала да дојде денес, за, како што рече, самата да се соочи со него и постави прашања.

– Независно, може е оправдано отсутна, меѓутоа да го имате вие на тацна да го испрашувате, прво осомничениот, а да не дојдете, по мене е малку е нелогично, рече Рашковски.

Според него, не постои поубав начин како да го побиете, односно да докажете дека некој е виновен, освен преку прашање.

– Ќе видиме заменската обвинителка какви прашања ќе постави. Меѓутоа тоа сепак е случај на обвинителката Ивана Трајчева, која што треба да си ги постави сама прашањата, изјави Рашковски.

Tags: „Софтвери“Кривичен судРашковски
Next Post

Moравјецки: Полска би можела да испрати борбени авони МиГ-29 во Украина во наредните четири до шест недели

Shortcut

Најново

Фото: Влада

Мицкоски за новиот закон за пушење: Донесен е со компромис, инспекциите ќе бидат ригорозни и нема да има повластени региони

May 30, 2026

ВЛЕН: По Беџети дојде Јашари, но ДУИ со години го остави заглавен правосудниот испит на албански јазик

May 30, 2026

Мицкоски знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат, обвинува СДСМ

May 30, 2026
Фото: МИА

Грција најави пакет мерки за побрз проток на граничните премини со Македонија и Турција

May 30, 2026
Фото: НАСА

(ВИДЕО) НАСА подготвена за лансирање на вселенскиот телескоп „Роман“: Финална инспекција на примарното огледало 

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk