Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција денеска околу 18:30 часот по локално време.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од пет километри во морето, на 132 километри јужно од градот Гитеја.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, а исклучена е и можноста за појава на цунами.
?#Earthquake (#σεισμός) M5.6 occurred 118 km S of #Areópolis (#Greece) 10 min ago (local time 18:36:01). More info at:
?https://t.co/LBaVNedgF9
?https://t.co/RLV5HZ77dQ
?https://t.co/uukcdGGHKu pic.twitter.com/5ZCAE2TJaL— EMSC (@LastQuake) March 14, 2023