Руската Влада најверојатно ќе воведе сè построги ограничувања за патување на руските функционери, се наведува во денешниот извештај на британските разузначаки служби, што на Твитер го објави Министерството за одбрана.
Постои реална можност „да се заострат патните ограничувања за зголемен број вработени во јавниот сектор“, се наведува во дневниот извештај на британското Министерство за одбрана за војната во Украина.
„Мерките најверојатно се дизајнирани да го спречат бегството или пребегнувањето на сè понезадоволни функционери“, се додава.
Ограничувањата за патување за владините службеници, пишуваат аналитичарите, веќе беа во сила за време на советската ера и беа заострени по анексијата на украинскиот полуостров Крим во 2014 година.
Мерките беа продолжени по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
„Некои функционери веројатно морале да ги предадат своите пасоши на Федералната служба за безбедност“, се вели во извештајот.
На оние од потесниот круг на Кремљ им се „забранети сите меѓународни патувања во слободно време“.