ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Лазаревски: Нема конфликт на интереси во Агенцијата за филм

March 15, 2023 12:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По изнесените наоди на Транспаренси Интернешнл на вчерашната прес конференција за наводен конфликт на интереси и незаконски спроведен конкурс во Агенцијата за филм, директорот на Агенцијата Бојан Лазаревски денеска на брифинг истакна дека не постои никаков конфликт на интереси, ниту пак прекршување на какви било законски одредби во спроведување на Конкурсот за одлучување за поддршка на долгометражен, краткометражен и анимиран филм на минатиот повик.

-Наспроти тврдењата на Транспаренси Интернешнл кој постапува по пријава на едно лице, а за нивната истрага доставивме повеќе од 500 страници документиран материјал. Во прилог на тоа, од изнесеното на прес конференцијата, не видовме доказен материјал што би потврдил какви било незаконски или можни злоупотреби, рече Лазаревски.

Тој појасни дека лицата што се вклучени во процесот на евалуација (рецензенти, филмски совет, управен одбор) се избираат според високо утврдени критериуми за компетентност на работата. Истите, како што додаде, се обврзани според Законот да ги почитуваат, за што писмено одговараат одредбите за неучество на конкурсот, непристрасност и тајност на одлучување.

-Именуваните лица кои беа повикани на прес-конференцијата, се искусни и со многу минат труд во филмската дејност и во целост нивната ангажираност е според важечките критериуми, потенцира Лазаревски.

Тој образложи дека финансискиот евалуатор Бранко Петровски повеќе од 30 години е дел од филмската продукција и од креирањето на прогресивен развој на македонската кинематографија, a најпрво во Министерството за култура а подоцна во Агенцијата за филм. Истиот, како што нагласи, никогаш не учествувал во ниту еден филмски проект додека ја обавувал работата како финансиски рецензент. Споменатото негово повлекување од филмскиот совет, посочи, не е под никаков притисок или констатирана злоупотреба, туку еднократно беше дел од Филмскиот совет.

-По пријавата која тогаш во 2020 година од истото лице како и сега, постапуваше инспекторката на Министерството за култура, беше констатирано дека нема никаков конфликт на интереси, подвлече Лазаревски.

Ана Опачиќ, пак, која е спомената исто така на оваа прес конференција, вели Лазаревски, е именуван евалуатор заради нејзината долгогодишна теориска и практична работа на филм. Опачиќ е доктор по науки која предава на факултетот ЕСРА и е автор на повеќе краткометражни, успешни филмски остварувања. Додека ја извршува работата на рецензент, наврдува Лазаревски, таа не учествува на конкурсот.

-Споменатото повлекување на проектот следи откако таа е ангажирана, а не под притисок на некакво надзорно тело. Сашко Мицевски поднесе изјава за изземање од Филмскиот совет за време на вториот рок од конкурсот. Тоа е доказ за транспарентното и законско работење на телата и самата институција, рече Лазаревски.

Конфликт на интереси, додаде, нема ниту за ангажманот на Ана Василевска која во својство на филмски критичар и теоретичар на филмот има објавено повеќе од илјада написи, рецензии и осврти. Истата, посочи, е магистранд на факултетот ЕСРА и повеќе години ја истражува македонската кинематографија. Лазаревски вели дека таа никогаш не учествувала во проект на конкурсот на Агенцијата за филм со одлука за долгометражни, краткометражни и анимирани филмови, а споменатото изземање од Филмскиот совет е исто така за еднократен ангажман по кој без да биде прекршен Законот за филм се повлекува заради каков било сомнеж за конфликт на интереси, повторно по пријава на истото лице кое дојавува и денес во Транспаренси интеренешнл.

-Секоја можна инсинуација или тврдење за некомпетентност или пак злоупотреба на соработниците на Агенцијата за филм, е тврдење дека нашата институција не постапува правилно. Уште еднаш ги отфрлам сите тврдења како невистинити и тенденциозни и останувам отворен за прашања на јавноста и институциите. Конфликт на интереси нема, ниту пак сериозноста и професионалноста на нашата институција би го дозволила тоа Откако сме ги избрале лицата што ќе бидат дел од процес за евалуација немаме никакво влијание во автономноста на одлучување и се потпираме на нивната компетентност, вели Лазаревски.

-Не навлегуваме во претенциозните постапувања на Транспаренси интернешенл постојано по налог на едно лице кое постојано се јавува со разноразни пријави во Агенцијата за филм. За истото лице беа побарани документи за неговото финансиско работење и истите се ставени на увид на институциите и јавноста и медиумите. Оттука се поставува прашањето, кој е мотивот на г-ѓата Слаѓана Тасева постојано за едно исто лице да ја извртуваат вистината и да ја манипулираат јавноста?, праша Лазаревски.

Tags: Агенција за филмЛазаревскиТасеваТранспаренси Интернешнл
Next Post

Пендаровски на средба со претседателот на ОАЕ, зборувале за интензивирање на економската соработка

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk