ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МНР: Не постоеја индикации за можен напад врз Османи при неговата посета на Молдавија

March 15, 2023 17:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Не бевме информирани, ниту постоеја индикации за какви било закани или можен напад врз делегацијата на ОБСЕ, ниту кон претседавачот со Организацијата, министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на неговата посета на Молдавија, коментираат денеска од МНР по појавените информации во јавноста за можен напад врз делегацијата на ОБСЕ при посетата на Молдавија, предводена од шефот на македонската дипломатија.

Претседавачот, имаше целосна доверба во безбедносните служби на Молдавија и во тамошните власти, кои ја гарантираа неговата безбедност и безбедноста на делегацијата, велат од МНР.

– Во рамките на ОБСЕ, посетите на делегациите на Организацијата и посетите од страна на претседавачот предвидуваат посебни безбедносни протоколи кои се во надлежност на земјата домаќин. Реализираните посети на Украина, Молдавија, како и предвидените теренски посети во другите т.н. „загрозени подрачја“ се реализираат со јасна назнака дека се тоа посети на делегацијата на ОБСЕ, што во меѓународните односи се сметаат за посети со зголемен ризик и внимателност, информираат од МНР.

Оттаму додаваат дека безбедноста на претставниците на ОБСЕ е од висок приоритет и Организацијата ќе ја продолжи блиската соработка со локалните власти за време на која било посета и на која било локација.

Реакцијата на МНР следи откако молдавски медиуми објавија дека бил избегнат атентат врз министерот Османи за време на неговата посета на Молдавија во својство на претседавач со ОБСЕ.

„Реалитатеа“ објави дека наводниот напад требало да биде изведен со автомобил-бомба, паркиран во близина на замокот Бендер. Според истиот извор, властите во молдавскиот проруски сепаратистички регион Транснистирја (Придњестровје) ја обвиниле украинската безбедносна служба дека е организатор на планот за нападот. Тие дури објавиле и видео запис на кој, според нив, се гледа „агентот“ што требало да го изврши нападот, како ја следи делегацијата на ОБСЕ, предводена од Османи.

Украина категорично ги отфрли обвинувањата дека планирала напад, додека молдавските власти оценија дека се потребни докази за ваквите тврдења, бидејќи она што е презентирано „има шпекулативен карактер и не ги одразува истрагите или потврдните податоци на властите на Република Молдавија“.

Tags: МНРМолдавијанападОсмани
Next Post

Професорката Ачкоска пишала па ја избришала објавата за смртта на средношколец во Скопје

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk