ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи – Билстром: С. Македонија и Шведска заеднички ќе се помагаат за членство во ЕУ и НАТО

March 15, 2023 14:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес престојуваше во прва официјална посета на Кралството Шведска, актуелен претседавач со Советот на Европската Унија. Во делегацијата на министерот Османи беше и претседателот на парламентарната Комисија за европски прашања Арбер Адеми.

На средбата со министерот за надворешни работи Тобиас Билстром беше реафирмирана поддршката на Шведска за нашата евроинтеграција, воедно потенцирајќи ја неопходноста од донесувањето на уставните промени, со цел непречен тек на преговарачкиот процес и трасирање на патот кон членство во ЕУ до 2030.

Министерот Османи потенцираше дека Северна Македонија останува силен поддржувач на членството на Шведска во НАТО, што ќе придонесе за зајакнување на безбедноста на евро-атлантскиот простор.

„Забрзанaта интеграција на нашата држава во ЕУ и што поскорото членство на Шведска во НАТО ќе ги одврати злонамерните влијанија на трети фактори кои се обидуваат да ја поткопаат безбедноста и стабилноста на европскиот континент. Затоа денес, уште еднаш се заложивме дека заеднички ќе се помагаме за членство во ЕУ и НАТО”, истакна Османи.

Министерот Османи се заблагодари за континуираната посветеност на Шведска на процесот на пристапување на нашата земја во ЕУ, посебно во областа на развојната соработка, во рамки на која Северна Македонија е повторно меѓу приоритетните држави-партнери на шведската развојна помош во области кои се најкорисни за нашите реформи од пристапниот процес.

Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи го запозна соговорникот со актуелностите во однос на претседавањето со ОБСЕ низ призмата на утврдените приоритети, во кои Украина останува наш главен приоритет и клучно безбедносно прашање во рамки на ОБСЕ 2023.

На средбата стана збор и за регионалната динамика, за која двајцата министри оценија дека е од клучно значење за безбедноста и стабилноста на регионот, но и на Европа. Беше нотирано актуелното претседавање на нашата земја и со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), како и со САД-Јадранската повелба (А5), при што позитивно беше оценета улогата на Северна Македонија на активен чинител во генерирањето на стабилноста и мирот во поширок регионален контекст.

Во рамки на посетата, министерот Османи оствари средба и со претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен, на која беше дискутирана одличната парламентарна соработка меѓу двете земји и со генералната директорка на Шведската развојна агенција (SIDA), Карин Јемтин, осврнувајќи се на непосредните бенефити од шведската развојна соработка за нашата ЕУ перспектива.

Tags: БилстромОсманиС. МакедонијаШведска
Next Post

(ФОТО ВЕСТ) Прилепските опозициски советници со прашања до градоначалникот Јовчески: Кој го „изеде“ бесплатниот оброк за учениците?

НАЈНОВО

Касами смета дека нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини

August 23, 2025

СДСМ: 4 години разочарувања – 4 години лoкална власт на ВМРО-ДПМНЕ

August 23, 2025

Македонија ќе учествува на ЕКСПО 2027 во Белград

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Оскаровецот Хавиер Бардем го осуди Израел: ИДФ се Нацисти!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk