Енес Исени „Лаци“, лицето кое беше убиено во „Шиша бар“ пред десетина дена, пред одреден период избегал од Холандија, откако таму бил еден од деветмината осомничени за убиство на колумбиски државјанин на плажата во Берген ан Зи, јавуваат холандските медиуми.
Во февруари 2021, „Лаци“ и останатите осомничени се обиделе да ја киднапираат жртвата во Берген ан Зи, на што Колумбиецот се спротивставил. Тој бил застрелан и по кратко време починал од раните.
Според тамошните медиуми, цитирани од „Локално“, убиството било во врска со продажба на „лажен кокаин“.