ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Маричиќ: Македонските коридори дел од европската патна мрежа, подобро поврзување, побрз и побезбеден превоз

March 16, 2023 12:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Брисел продолжува објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 21, „Транс-европски мрежи” заедно со Поглавјето 15, „Енергетика”. На почетокот на објаснувачкиот скрининг за Кластер 4, „Зелена агенда и одржлива поврзаност”, кое започна вчера, со Поглавјето 21, и 14, „Транспортна политика”, вицепремиерот Маричиќ рече дека властите во Северна Македонија го знаат значењето на транспортниот сектор и дека со финансиска поддршка на ЕУ ќе продолжат да се спроведуваат значајни инфраструктурни проекти.

– Она што е битно да се каже дека Европската Унија полага многу значење на овие области, бидејќи се од суштинска важност за развојот на цела Европска Унија и за развојот на нашиот регион. Не може да има развој без развиена инфраструктура. Не може да има развиена инфраструктура без вложување во транспортната мрежа и без ефикасна транспортна мрежа. И како што видовте и на скринингот целта на оваа политика е да се намали метежот, да се зголеми ефикасноста на транспортниот бизнис, и да функционира инфраструктура беспрекорно и без пречки, или со минимум неопходни пречки, додаде вицепремиерот Маричиќ во изјавата за медиумите.

Пред претставниците на Европската комисија, вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ рече дека Северна Македонија е држава којашто е вклучена во транспортната заедница и дека учествува и во енергетската, и во транспортната заедница, преку иницијативата на Берлинскиот процес.

Вицепремиерот ја поздрави намерата на Европската комисија да вложи дополнителни напори во развојот на новиот европски транспортен коридор за Западен Балкан и напомена дека тоа практично е воведување на регионот во европските коридори потенцирајќи дека веќе учествуваме во два важни европски коридори, Коридорот 10, што е целосно комплетиран и којшто може да биде и дополнет во наредниот период, како и Коридорот 8.

На крајот Маричиќ изрази уверување дека Владата е посветена на подобрување на транспортната инфраструктура и има преземено активности, пред сè во насока на изградба на алки што недостасуваат и санација на постојната транспортна мрежа, како дел од јадрото и сеопфатната мрежа на европските транспортни коридори.

Целта на ЕУ е да ја промовира меѓусебната поврзаност и интероперабилноста на националните мрежи, како и да го зголеми пристапот до тие мрежи. Со се подобруваат и електропреносните системи односно ќе се обезбеди подобро снабдување со извори на енергија, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

На денешната агенда на објаснувачкиот скриниг е и Поглавјето 15, „Енергетика”, кое ќе го води државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменичка на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдуи Халили.

Според програмата на групата новинари, кои се во посета на Брисел и го следат објаснувачкиот скриниг за Кластерот 4, „Зелена агенда и одржлива поврзаност”, ќе остварат средба со советниците за надворешна политика во Кабинетот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и со амбасадорите на Постојаните претставништва на Словенија и Хрватска при ЕУ, Исток Јарц и Ирена Андраси.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУМаричиќпатна инфраструктура

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп: Си-Ен-Ен и Њујорк Тајмс го валкаат еден од најуспешните напади во историјата

June 25, 2025

Нетанјаху прогласи историска победа

June 25, 2025
Фото: Скриншот

Студентите во блокада со ултиматум до српската Влада: Бараат исполнување на две барања до сабота навечер

June 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Извештајот на Вајц пројде во Брисел, Мицкоски доживеа дебакл од сојузниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јонузи: Политичките елити да не ги затвораат очите пред идеолошкото инфилтрирање од Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Година дена Влада на Мицкоски: Европската интеграција во ќорсокак – уставните измени во застој, економски раст на хартија, инфлација на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Првите слики од опсерваторијата „Vera Rubin“ ја отвораат новата ера на космичко истражување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk