Одлуката на Полска да испрати борбени авиони МиГ-29 во Украина е „суверена одлука“ на таа земја, која нема да го охрабри американскиот претседател Џо Бајден да ги испрати своите борбени авиони Ф-16 во Украина, соопшти Белата куќа.
Бајден во неколку наврати изјави дека нема намера да испраќа борбени авиони во Украина, но не ја отфрли целосно таа опција. Џон Кирби, советникот за национална безбедност на Бајден, вчера изјави за новинарите дека одлуката на Полска да испрати четири борбени авиони, што претставува отстапување од другите членки на НАТО, нема да го промени процесот на донесување одлуки во САД.
– Тоа не ја менува нашата математика во однос на Ф-17, рече Кирби, а потоа додаде: Ова се суверени одлуки што секоја земја ги носи за себе. Ние ги почитуваме тие суверени одлуки. Тие самите ќе увидат што да испратат и како тоа ќе се карактеризира“.
Кирби одби да ја коментира одлуката на Полска, велејќи дека „не е на САД да ја квалификува одлуката на Полска на овој или оној начин“.
– Прво, буквално за неколку дена ќе испратиме, колку што знам, четири авиони во Украина кои се целосно подготвени за летање, рече Анджеј Дуда на прес-конференција. – Другите се подготвуваат, сервисираат, додаде тој.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека авионите би можеле да бидат испорачани за четири до шест недели. Дуда рече дека Полска има 10 до 20 авиони МиГ-29. И Словачка размислува да ги испрати овие авиони во Украина, но се уште не донела одлука