ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Битиќи: Во земјава се подобрува стандардот на живот

March 17, 2023 15:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Подобрувањата и сите чекори кои ги преземаме не носат кон крајната цел – европска Македонија, но очекувањата треба да бидат реални. Креираме можности, но не може да се занемари трендот во цела Европа, па и подалеку, дека луѓето бараат подобри услови за живот на други места, истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Креирањето на нови работни места, кои се поврзани со четвртата индустријализација и кои имаат висока додадена вредност и повисоки плати, е европската Македонија која сакаме да ја видиме. Не можеме да очекуваме дека за еден ден ќе го постигнеме стандардот на Германија или на која било земја членка на ЕУ. Тоа е процес во кој сите заедно сме влегле и ќе го постигнеме. Во нашата земја се подобрува стандардот на живот, но може да дебатираме и дискутираме дали се прави со брзината со која сите би сакале и ја очекуваме, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање што прави Владата за да го спречи одливот на млади кадри од државата.

И јас и моите деца, посочи тој, живееме во оваа земја и сме одлучиле дека ќе живееме во оваа зема и дека заедно ќе ја градиме иднината со подобар живот.

– На сите наши граѓани кои одлучиле да отидат во странство им укажувам дека работиме за да го подобриме квалитетот на животот и оти конечно државата е на правиот пат и дека наскоро ги очекувам назад за да придонесат за својата земја со нивните знаења и вештини, порача Битиќи во изјава по средбата со директорот на „ТАВ Македонија“ Метин Батак во Владата.

Системот и институциите ги креираат луѓето, а луѓето, додаде Битиќи, сме сите ние кои сме дел од општеството.

– Во суштина подобрувањето и на системот и на институциите, но и на севкупното живеење во државата го правиме сите ние. Мојот личен став е дека со личен пример треба да се погрижиме да го подобриме системот. Ако го следиме личниот пример сметам дека секој ќе придонесе за многу брзо да се подобрат состојбите, посочи Битиќи.

Tags: БитиќиграѓаниМакедонијаСтандард
Next Post

Осумнаесет години затвор за возачот кој во Велес на пешачки усмрти 11-годишно девојче

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk