„Ќе бараме да има реакција од страна на Обвинителството, бидејќи не може во ниту еден момент да изнесуваме податоци или информации кои предизвикуваат страв, неизвесност и паника во јавноста, без притоа истите да се базираат на какви било точни факти и податоци“.
Ова вчера го изјави Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во врска со професорката Виолета Ачкоска, која објави дека средношколец починал откако бил отруен со дрога која му била ставена во пијалак.
Објавата на Ачкоска предизвика лавина реакции и паника на социјалните мрежи, а подоцна ја избриша откако и новинари почнале да ја контактираат за наводниот случај.
„Упатувам апел до јавноста да бидеме одговорни, бидејќи нема ништо повредно од животот на еден човек, посебно на млад човек“, рече Спасовски.