ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Македонската дијаспора инвестира во акции во Македонија

March 17, 2023 12:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонските иселеници имаат добри можности за инвестирање во македонски компании кои котираат на македонската берза. Интересот доаѓа во период кога повеќе долгогодишни и конзервативни инвеститори во хартии од вредност во Македонија добиваат вести за исплатата на дивиденди и во период на објава на приходите и добивките на компаниите за 2022 година. Компаниите кои традиционално исплаќаат дивиденди се атрактивни меѓу инвеститорите на берзата, која располага со соодветна понуда.

Коста Костадиновски од Капитал Ассет Менаџмент, преку онлајн вебинар, ги запозна македонските иселеници со потенцијалот на домашниот пазар, неговата атрактивност и можностите кои ги нуди за оплодување на инвестираните пари.

„Ова е организирана можност нашите иселеници да инвестираат и активно да учествуваат во економските текови во Македонија. Освен тоа, гледано од економски аспект, да го оплодат својот капитал и да и помогнат на Македонија како нивна татковина. Македонската дијаспора има добар инвеститорски потенцијал и затоа ги предочив можностите за инвестирање. На овој начин, иселениците остануваат поврзани со татковината“, вели Костадиновски.

Костадиновски порача кај иселениците дека минимален почетен влог изнесува десетина илјади евра кој, во секој момент, може да се докапитализира по своја желба или по препорака на портфолио менаџерите кога пазарните услови даваат добри шанси.

Оваа активност е резултат на долгогодишната идеја на Никола Блајбершник од Битола, која тлеела во неговите мисли. „Секоја година во Битола доаѓаат нашите роднини, другари и пријатели кои се иселени во странство. Долго време размислував како да ги мотивирам да бидат „странски“ инвеститори во сопствената татковина. Сите тие се успешни бизнисмени во тие развиени држави. Разговарав со претставник на Обединетата Македонска Дијаспора и дојде до реализација на онлајн вебинарот со желба да се надмине недовербата што ја имаат иселениците кон македонските институции. Исто така, да дадат придонес за развој на економијата на нашата татковина“, објаснува Блајбершник.

Гордан Јорданов, директор на Обединета Македонска Дијаспора за Македонија и Европа, вели дека „секој настан што го претставува бизнис потенцијалот на Македонија е неверојатен и од голема вредност за нашата нација и организација. Со вакви настани и претставување на македонската берза, како организација веруваме дека сите Македонци, без разлика каде живеат, можат да го обезбедат македонскиот капитал и да ја поттикнат македонската бизнис индустрија”.

Tags: дијаспораинвестицииМакедонија
Next Post

ЈО: Се преземаат дејствија за расчистување кражба на монитор од бугарскиот КИЦ во Скопје

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk