ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Тренчевска за Телевизија 3: Политиките не се креираат во канцеларија, туку во комуникација со граѓаните

March 17, 2023 10:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за време на нејзината посета во Дебар гостуваше во Телевизија 3. За време на нејзиното интревју беа опфатени темите: покачување на минималната плата и покачувањето на пензиите во државата, капиталните инвестиции на Министерството за труд и социјална политика во делот на детската заштита, услугата помош и нега во домот и кампањата „Гласна и храбра” која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика во текот на месец март.

„На Економско социјалниот совет ја донесовме одлуката за зголемување на минимална плата. Ова системско решение го донесовме изминатата година со Законот за измена и дополнување на минималната плата со што вградивме систем за постојан раст на платите. Со исплатата на мартовската плата нема да има пониска плата од 20.175 денари” рече Тренчевска во однос на мартовското усогласување на платите.

Министерката во интервјуто истакна дека покрај системското решение за платите, донесено е и системско решение кое гарантира раст и на пензиите. Таа посочи дека новото усогласување на пензиите е 8,4% и истакна дека кога ќе се земе во предвид покачувањето од септември минатата година, усогласувањето во јануари и финансиската помош која ја донесе Владата, направено е многу за пензионерите во изминатиот период.

Тренчевска се осврна и на инвестициите во детската заштита на Министерството за труд и социјална политика.

„Во претходните 3 години и покрај тоа што сме во криза, растат пензиите, растат платите но и продолжуваме со капиталните инвестиции. Еден од најважните приоритети се и најмладите односно инвестирање во предучилишното образование. Во изминатите 5 години имаме изградено вкупно 80 објекти со што го зголемивме опфатот на деца во предучилишното образование. Покрај инвестирањето во објекти, вложуваме и во човечкиот капитал односно вложуваме во јакнење на капацитетите на негувателите и воспитувачите во градинките” посочи Тренчевска.

На крајот од интервјуто министерката ја објасни и кампањата „Гласна и храбра” која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика во текот на месец март.

„Во пресрет на 8ми март решивме да не говориме за благосостојбата на луѓето само еден ден, туку во текот на цел месец март. Организираме посети на различни населени места и различни целни групи. Целта е да зборуваме за менталното здравје и економското зајакнување. Да зборуваме за предизвиците кои се соочуваат целните групи во различно населено место и да ги креираме заедно политиките. Затоа што политика не се креира во канцеларија, туку во комуникација со граѓаните” рече Тренчевска.

Tags: МТСПТренчевска
Next Post

Мицкоски: Каде се инфлуенсерковците да мрчат?! Овие зголемуваат плати, поевтинуваат производи, има да нè газат

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk