ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

ЕУ легислатива за побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026 10:11
in TECH FRONT, ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Фото: Frontline PRESS

Фото: Frontline PRESS

Share on FacebookShare on Twitter

На 2 август 2026 година, стапија во сила новите правила за транспарентност на системите за вештачка интелигенција (ВИ), како што соопшти Европската комисија.

Брисел препознава дека вештачката интелигенција напредува брзо, што прави да биде сè потешко да се направи разлика помеѓу автентична содржина создадена од човек и содржина генерирана или манипулирана од ВИ. Ова создава нови ризици од дезинформации и манипулации од големи размери, измами, кражба на идентитет и доведување на потрошувачите во заблуда.

Новите обврски за транспарентност ќе им помогнат на луѓето да препознаат кога комуницираат со вештачка интелигенција или кога се изложени на содржина генерирана од неа, за да можат да донесуваат информирани одлуки и подобро да се заштитат од дезинформации или измами.

Обврски за транспарентност за обезбедувачите и применувачите на одредени ВИ системи

Означување и етикетирање на содржина генерирана од ВИ

Одредени содржини кои се генерирани или манипулирани од ВИ мора да бидат јасно и видливо етикетирани и да вклучуваат машински читливи ознаки. ЕУ создаде сет на икони кои можат да се користат за оваа намена. Ова се однесува на:

  • Слики, аудио и видео содржини кои наликуваат на постоечки лица, објекти, места, субјекти или настани (познати како deepfakes или дипфејк).
  • Алатки за препознавање емоции и биометриска категоризација.
  • Текст објавен за информирање на јавноста за прашања од јавен интерес, каде што немало човечки преглед или уредничка контрола.

Транспарентност при интеракција со систем за ВИ

Корисниците мора да бидат јасно информирани кога не комуницираат со вистинска личност, туку со систем за ВИ, како на пример четбот (chatbot), ВИ агент или аватар.

Комисијата објави насоки за да им помогне на обезбедувачите и применувачите на системи за ВИ во исполнувањето на овие обврски за транспарентност. Насоките објаснуваат како може да се демонстрира усогласеноста, вклучително и преку придржување до кодекс на практики.

Спроведување на правилата и санкции

Националните органи за надзор на пазарот, Европската канцеларија за ВИ (за системите под нејзин надзор) и Европскиот супервизор за заштита на податоците (кога институциите на ЕУ се обезбедувачи или применувачи) се одговорни за спроведување на правилата за транспарентност и можат да изречат парични казни:

  • До 15 милиони евра, или 3% од глобалниот годишен промет, за компании.
  • До 750.000 евра за институции, тела и агенции на ЕУ.
  • При изрекувањето на казните ќе се зема предвид принципот на пропорционалност за малите и средните претпријатија (МСП), како и за малите компании со средна пазарна капитализација.

Актот за вештачка интелигенција (AI Act) стапи на сила на 1 август 2024 година. Неговите одредби се применуваат етапно, при што различни обврски стапуваат на сила во различно време. Актот создава единствен пазар и хармонизирани правила за доверлива ВИ во ЕУ, истовремено промовирајќи ги иновациите и примената на вештачката интелигенција. Тој, исто така, ги адресира потенцијалните ризици по здравјето, безбедноста и основните права на луѓето, штитејќи ја демократијата и владеењето на правото. Обезбедувањето на неговото ефективно спроведување сега претставува клучен приоритет за Комисијата.

ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk