fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Пендаровски во посета на Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

March 20, 2023 10:05
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски од денеска престојува во работна посета на Француската Република, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов.

Пендаровски утре – 21 март 2023 година, вторник, во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов, настан во рамки на одбележувањето на „2023 – Година во чест на Ацо Шопов”, што се реализира под покровителство на македонскиот претседател. Исто така, претседателот Пендаровски ќе присуствува на поетски перформанс и изложба во чест на Шопов.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле.

Претседателот денеска во Париз ќе го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде ќе оствари средба со директорот на институтот, Жан Франсоа-Хуше, како и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при ИНАЛКО и Ѓоко Здравески, лектор по македонски јазик на институтот.

Пендаровски е покровител на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, што се одбележува со низа настани во текот на 2023 година.

Чествувањето на големиот јубилеј е во соработка со Организацијата за образование, наука и култура на ОН – УНЕСКО, којашто на иницијатива на Република Северна Македонија, го поддржа и се вклучи во одбележувањето на јубилејот.

Tags: Ацо ШоповпаризПендаровски

НАЈНОВО

Кандидатот за претседател на турската опозиција Кемал Киличдароглу по поразот на изборите најави дека „борбата продолжува“./Фото: МИА

Кемал Киличдароглу по поразот на претседателските избори во Турција: Борбата продолжува

May 28, 2023

Агелер: Тешките одлуки да се донесат до крајот на годината

May 28, 2023
Гласачките места во Турција се затворени денеска во 17 часот по локално време (16:00 часот по средноевропско време), со што заврши гласањето за вториот круг од претседателските избори во оваа земја, јавува Анадолија./Фото:ЕПА

Затворени избирачките места во вториот круг од претседателските избори во Турција

May 28, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    По „историската“ средба со Орбан, Мицкоски во официјална посета на својот татко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Американците да им кажеш fuck off од чиста суета, треба да си глуп или некој од надвор дебело да те спонзорира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова белгиска инвестиција доаѓа во Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Борисов и Петков се договорија: Денков па Марија Габриел „ротирачки премиери“ во новата влада на Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk