ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Алиу од Брисел: Дигиталната трансформација на општеството е висок приоритет на Владата

March 21, 2023 15:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, денеска во Брисел ја предводи македонската делегација која одржа билатерален скрининг состанок за Поглавјето 10 – Информатичко општество и медиуми. На состанокот со претставниците на Генералниот директорат за соседство и политика на проширување (DG NEAR) и Генералниот директорат за комуникациски мрежи, содржини и технологија (DG CONNECT), се дискутираше за повеќе аспекти на нивото на усогласеност на правниот систем во земјава во однос на европското законодавство.

Министерот Алиу, во оваа прилика истакна дека реформите во делот на информатичкото општество и медиумите се високо на агендата на Република Северна Македонија и истите претставуваат предуслов за дигиталната трансформација на општеството кон која агилно се насочени МИОА и Владата.

Министерот Алиу даде краток осврт на напредокот во усогласувањето со ЕУ законодавството во областите електронски комуникации и регулација, аудиовизуелни и медиумски политики и е-услуги.

Тој потенцираше дека во делот за роаминг, веќе постои намалување на трошоците за роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан, а пред некој месец и помеѓу Западен Балкан и Европската Унија – при што постои константно следење и усогласување на националното законодавство со ЕУ Radio Spectrum Policy. Министерот укажа и на тоа дека во Република Северна Македонија двата постоечки мобилни оператори веќе нудат 5G услуги.

Алиу информираше дека Владата има Национален оперативен бродбенд план(НОБП) кој е целосно усогласен со правилата за национални “бродбенд” таргети усогласени со ЕУ и дека е формирана Национална канцеларија за бродбенд компетентност, која континуирано учествува на состаноците на EU BCO мрежата.

На почеток на оваа година, како што кажа Алиу, обезбедена е техничка помош од EU Integration Facility за подготовка на Студија за изградба на физичка backhaul оптичка инфраструктура од градовите до белите зони (согласно НОБП) чии оптички влакна ќе ги користат операторите за да обезбедуваат бродбенд услуги во белите зони.

Тој додаде дека од овој месец започна и процесот на мапирање на покриеноста со VHCN мрежи (Very high capacity network), што ќе преставува и прв чекор за идниот процес на усогласување на националните “бродбенд” таргети со “бродбенд” таргетите во Дигиталниот компас.

Во однос на активностите за наредниот период, Министерот Азир Алиу потенцираше дека фокусот ќе биде насочен кон усвојување на Законот за безбедност на мрежи и информациски системи, (согласно НИС Директивата), усвојување на Национална стратегија за cyber безбедност на мрежи и информациски системи како и формирање на Национален координативен центар за сајбер- безбедност.

Значаен чекор во реформскиот пат кој претстои, како што презентираше министерот Алиу, е и усвојувањето на Национална ИКТ стратегија која ќе се базира на ЕУ Дигиталниот компас, а исто така во полн ек се реализира и процесот на усогласување на националното законодавство со Директивата за аудио-визуелни медиумски услуги кој се реализира со целосна инклузивност на сите засегнати страни.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АлиуБриселдигитална трансформација
Next Post

Ердоган и официјално предложен за претседателски кандидат на изборите во мај

НАЈНОВО

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со Grok

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум НАИ во шест, а ДПТ во една

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk