ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалдемократите со пароли „Албин заједница “ во Приштина, аналитичари полемизираат околу двосмисленоста на зборовите Анексот- самоуправување или асоцијација

March 21, 2023 12:36
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН

Исходот од средбата Курти-Вучиќ-Борел во Охрид на 18 март, една од главните теми во косовските медиуми. Социјалдемократите излегоа со улична акција со пароли на кои пишува „Албин заједница“, аналитичари полемизираат околу двосмисленоста на зборот самоуправување, употребен во Анексот на договорот за нормализација на односите  помеѓу Србија и Косово, Стејт Департментот на САД во својот извештај посочува на политички притисок, корупција и малтретирање на администрацијата од страна на албанската влада.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Радио Косова е Лире: Социјалдемократската партија со акција во Приштина против Заедницата

„Активисти на социјалдемократската партија напишаа пароли со натпис: „Албин Заједница“. Оваа акција доаѓа по средбата во Охрид, на која премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ се договорија за спроведување на договорот постигнат на 27 февруари. Од оваа партија во изјава за медиумите велат дека зборот „Заједница“ го крстил самиот премиер Албин Курти.“, пренесе Радио Косова е Лире.

Слободна Европа: Самоуправување или Асоцијација

„Двосмисленоста на зборовите употребени во Анексот на имплементацијата на Договорот за нормализација на односите Косово-Србија ја зголемува нејасноста во мислењето и го отежнува правилното толкување на овој договор, велат Рахман Пачаризи и Душан Јањиќ, познавачи на политичките случувања во Приштина и Белград.

Договорот има 11 члена и „играта со зборови“ се прави особено во членот 7, велат аналитичарите.“, пренесе Слободна Европа на албански јазик.

Газета Експрес – Меѓународни медиуми: Доколку договорот се имплементира, тоа го спречува Белград да го блокира влезот на Косово во ОН

„Планот на ЕУ бара двете земји да одржуваат добрососедски односи и меѓусебно да ги признаваат официјалните документи и националните симболи“.

Доколку се спроведе, тоа ќе го спречи Белград да ги блокира напорите на Косово да бара членство во Обединетите нации и другите меѓународни организации, пишува АП, нагласувајќи дека договорот што го подготвија Франција и Германија и го поддржаа САД, не бара експлицитно меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија.“, пишува Асошиетед Прес, пренесе косовскиот дневник Газета Експрес.  

АЛБАНИЈА

Шќип: „Политички притисок, страв и корупција на пингвините“ / Јавен извештај на Стејт Департментот за Албанија: Владата ја малтретира администрацијата

„Недостатоци во независноста и интегритетот на судството; недостаток на независни медиуми; и тековната корупција во владата, органите за спроведување на законот и локалните институции беа главните проблеми во Албанија во текот на изминатата година, се вели во извештајот на американскиот Стејт департмент објавен денеска.“, пренесе албанскиот весник Шќип.

РТШ : Албанија го отфрли барањето на Русија за дополнителен информатор на состаноцита на Советот за безбедност

„Албанија се спротивстави на присуството на дополнителен информатор на состаноците на Советот за безбедност за прашањето за Украина. Предлогот на Руската Федерација да се приклучи информатор на граѓанското општество на состаноците на таква структура, Албанија го смета за опасен преседан.“, пренесе албанската РТШ.

КОЛУМНА

Бота Сот: Америка го поздравува Охридскиот договор, ЛДК и ПДК се против – кој е тука антиамериканец?

„Иронично, ЛДК и ПДК, за инает затоа што не се на власт за да бидат протагонисти на овој договор, фрлаат кал по власта за договорот што самите го потпишаа, освен во првата верзија, која е поштетна за државата.

Договорот од 2013 година беше многу по штетен за Косово од сегашниот, додека сегашната верзија е многукратно подобра од пред 10 години. Но, во точка 7, Владата инсистира да ги одобри измените врз основа на американското ветување за Здружение без извршни овластувања.

Убеден сум дека со својот пристап и сериозност, владата на Косово ќе го најде најдобриот можен модел за нејзино спроведување. Нашата земја никогаш немала подостоинствено претставување, освен Ругова, на меѓународната сцена.“, извадок од колумната : „Америка го поздравува Охридскиот договор, ЛДК и ПДК се против – кој е тука антиамериканец?, од авторот Фатон Мехмети, објавена во косовскиот дневник Бота Сот.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиуми
Next Post

Просечната нето платата во јануари 33.943 денари

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk