ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Поддршката на ЕБОР овозможува забрзување на економскиот раст на земјата и создавање поволна клима за странски инвестици

March 22, 2023 12:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, оствари средба со директорката на Европската банка за обнова и развој за Централна и Источна Европа, Шарлот Руе и шефот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава, Анди Аранитаси.

На средбата присуствуваа заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорот на АД за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје, Бајрам Реџепи.

Досегашната соработка на Република Северна Македонија со Европската банка за обнова и развој беше во фокусот на денешната средба, каде беа потврдени заложбите на двете страни успешната соработка да продолжи и во иднина.

На средбата се разговараше за модернизација на патната инфраструктура, железничко поврзување со земјите од регионот, изградба на инфраструктура, заштита на животна средина, како и енергетиката, каде посебен акцент беше ставен на гасниот интерконектор со Грција. На состанокот, претставниците на Европската банка за обнова и развој ја нагласија нивната посветеност во поддршка за реализација на проекти за зелениот развој во земјата и искористување на обновливите извори на енергија.

Премиерот Ковачевски, во име на Владата на Република Северна Македонија, се заблагодари на поддршката од Европската банка за обнова и развој за реализација на проекти од различни области, со што се овозможува забрзување на економскиот раст на земјата, создавање поволна клима за странски инвестиции, како и подобрување на животот на граѓаните, со што државата се движи напред на патот на евроинтеграциите.

Ковачевски на средбата истакна дека реализацијата на капиталните проекти се врвен приоритет на Владата. Тој потенцираше дека ЕБОР е еден од нашите најголеми партнери во поддршката за имплементација на проекти од повеќе области низ целата држава кои се клучни за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните, но и за развој на економијата. На средбата беше истакнато дека соработката со Европската банка за обнова и развој ќе продолжи и во иднина.

Европската банка за обнова и развој е активна во Република Северна Македонија од 1993 година и досега има одобрено 171 проекти во државава, од кои најголем дел се наменети за проекти во јавниот сектор. Таа е најактивната меѓународна финансиска институција која обезбедува поддршка за тековни проекти од околу 900 милиони евра, од кои 760,6 милиони евра се во транспортниот сектор.

Tags: ЕБОРКовачевскиРуе
Next Post

Гир: Мора да се осигураме дека правосудството ќе биде независно, професионално и објективно

НАЈНОВО

Со нови учебници и алатки, започна учебната 2025/2026 година

September 1, 2025

ЕУ интеграциите меѓу резолуции и блокади

September 1, 2025

Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk